Со други зборови, најслабата алка во синџирот на кочењето е комбинацијата гумата+подлога. Или, да се изразам слично на тебе: гумата (плус подлогата) е онаа која треба да го искористи потенцијалот на сопирачките.
Таман работа ако со сопирачките го „бркаш“ потенцијалот на гумите. Обратно е.
Ако е најслаба алка, во сериски систем, тогаш не можеш да го кажеш ова:
„Ако тркалото блокира, му викаме „чао“ на тоа поголемо триење диск/пакна и се оддаваме на триењето гума/асфалт, кое е помало.“
Кога блокираат сопирачките, бараш од гумите рата на сопирање која што не можат да ја извршат.
Кога тераш некој да работи 12 часа дневно, без паузи, предизвикуваш грешки. И после се расипала машината, погинале четворица, па ќе треба да запреш работа, да исплаќаш штети, осигурувања. Тоа не го бива. Но од друга страна добар раководител треба да знае да го искористи потенцијалот на вработените, кога се во најдобра форма.
Раководителот не ја врши директно работата, но го диригира темпото со кое се врши работата.
Исто како сопирачките. Со ногата или со ABS системот го регулираме темпото на забавување, обидувајќи се да го погодиме она кое можат да го испорачаат гумите при тие услови.