Автор Тема: Како се справувате со снегот ?  (Прочитано 465804 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6293
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2895 на: 21 Јануари 2026, 11:19:33 am »
Издржете скопјани, со вас сме 😄
https://www.facebook.com/share/r/1DG8xkwiob/?mibextid=wwXIfr
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2896 на: 21 Јануари 2026, 11:55:09 am »

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2897 на: 21 Јануари 2026, 12:01:36 pm »
4×4 :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2898 на: 21 Јануари 2026, 12:08:05 pm »
Во Битола, Кватрото ќе го викавме.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10597
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2899 на: 21 Јануари 2026, 13:13:25 pm »
Утрово паднаа 3 жртви во мое маало.

Рено лагуна
Сеат Леон
Пежо 308

Сите дизели на кои мора гас да дадеш за да се тркалаат на удолничката, односно имаат солидно моторно кочење па нема потреба од кочница., во прва и кроце кроце.

Но, сите опремени со олсизн.
Ај со Сеатот и Реното по неколку години горени гумите, ама тој со Пежото лански му биле бфгудрчичот.

Не дека на времето не возеа зимски, ама "енглеските" муабети и тестовите на нова новцата  олсизн гума им извршило влијание...



Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2900 на: 21 Јануари 2026, 13:18:08 pm »
Не е секоја гума за доверба

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2901 на: 21 Јануари 2026, 13:27:15 pm »
Еден прееска со Nissan Qashqai со летни гуми подчукна семафор. Чиста среќа немаше никој на островчето кај што е семафорот и чекаат деца да преминат улица.

На некои луѓе не им доаѓа памет и не им доаѓа.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2902 на: 21 Јануари 2026, 13:33:07 pm »
Јас возам Michelin CrossClimate 2 веке 3то зимо.
Пред 2 недели возев на секакви услови, до Банско и назад, и возев на секакви услови по пат. Супер се понашаше колата.

Утрово, 7 саат беше подмрзнато во Аеродром. Возам по споредниве улички, јас кочам, осекам дека тркалата застанаа, колата се движи напред.
Вртам кривина, осекам како подлизнува.
Излегов 2 пати да видам, не беа гумите наполнети со снег или нешто. Не е дека имаше мраз на нив.
Едноставно патот беше подмрзнат. Се лизгав на улиците.
Кога излегов на булевар, каде има повеке сообракај, подобро беше.

Што знам, не би рекол дека во оваа ситуација гумите се лоши, али еве прв пат осетив подлизгување со All Season гумите.
Да, зимски гуми со тие металните парчиња на нив дефинитивно ке беа по управиливи денес, овој еден ден во годината кога е подзамрзнато во Скопје..

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2903 на: 21 Јануари 2026, 14:28:33 pm »
На мраз не помага ништо,освен тие гуми со шилци.А такви кај нас нема во продажба колку што знам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10597
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2904 на: 21 Јануари 2026, 14:30:19 pm »
Пред неколку години пишав за еден друг комшија токму со Мишелин крос, 2 години стари (2 лета) како на истава удолничка се санкаше...
Веднаш си купи зимски.
Јас, и сите други со зимски, никаков проблем.
Што се вика, и баба ми може со олсизн на булевари или било каков широк рамен коловоз.
Впрочем, и јас на времето имам возено олсизн, но тој еден ден во годината ќе си направиш штета откако некоја работа ќе те одведе на нечистена, тесна уличка.

А денешниов снег беше мераци, едноставно гумата го нагмечување и функционираше како залепена за асфалт, никаков мраз немаше под снегот.
Королата со ептен со сила ја терав да ги активира системите за да видам како се понаша на снег.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2524
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2905 на: 21 Јануари 2026, 14:35:31 pm »
Многу плачење за 24-48 часа снег во Скопје. Секако може да се најде компромис за до работа тие два дена во Скопје кога има зима. Не ми е проблем и да пропешачам два дена.

Возам летни и зимски  од секогаш. Следни гуми ќе ми бидат премиум ол сизн во зависност што ќе најдам достапно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2906 на: 21 Јануари 2026, 14:40:39 pm »
Мора таа удолничка да се испроба.
Имам две возила предна (Hankook Winter I*Cept RS3 поприлично нови и невозени, така "скапуваат" со колата) и задна влеча (Dunlop стар дот но целосна шара).

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10597
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2907 на: 21 Јануари 2026, 14:46:13 pm »
Пред неколку недели ме фати снегот низ Србија, но тој беше поинаков, и плус беше подмрзнато под снегот, немаше зезање со жена и дете во кола.
Но ете, Барумот поларис6 се покажа добар и тогаш, и денес, и потивок од ескимото s3+

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 669
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2908 на: 21 Јануари 2026, 14:48:02 pm »
Утрово, 7 саат беше подмрзнато во Аеродром. Возам по споредниве улички, јас кочам, осекам дека тркалата застанаа, колата се движи напред.
Вртам кривина, осекам како подлизнува.

Сабајлето беше страшно подмрзнато во Аеродром... без сол/песок... Со Bridgestone Blizzak LM005 (во години веќе), осеќав како пролизгуваат на малце чепкање на гаста, при вртење исто малку забегуваше.... ама она беше чист мраз од одоздола со горе снег малку... како за зимски гуми супер си ја завршија работата... а за 100% ефикасност само гуми со шилци за условите какви што беа сабајлето...

П.С. по пат едно чудо луѓе што незнаат да возат во вакво време - тргаат со голема гас, летаат, нагло кочат..... и бонус оние излезени со летни гуми на тоа време....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #2909 на: 21 Јануари 2026, 15:03:22 pm »
Да се надоврзам и јас за гумите. Се сложувам со колегите погоре, Аеродром беше подмрзнат сабајле, возев во 7:00 часот, а снегот таман како шминка над мразот.

Инаку прва ситуација да видам гумите како се однесуваат (БФ Гудрич целосезонски, стари една цела година и возени во сите годишни времиња) и искрено не ми влеваат доверба. Свесно одбрав ваков тип на гума затоа што не сме по зимски спортови и одмори, Скопје има снег неколку дена во сезоната, возам умерено, Грандето не е толку тешка и масивна кола и чисто да видам како ќе изгледа еден сет целосезонски возени во сите сезони.

Јас со овие гуми не би се осмелил пр да одам до Припор, Сопиште, а камоли до некој зимски центар. Најверојатно следна прилика кога ќе дојде (и ако Грандето уште е прва и единствена опција како превозно средство), би се вратил на класика, два сета, летни и зимски, па ќе се снаоѓаме за чување, менување или евентуално, ЕВЕНТУАЛНО, премиум целосезонска како Мишелин или Гудјиар.
« Последно менување: 21 Јануари 2026, 15:08:51 pm Filip MK »
Своерачен потпис ;)