Да се надоврзам и јас за гумите. Се сложувам со колегите погоре, Аеродром беше подмрзнат сабајле, возев во 7:00 часот, а снегот таман како шминка над мразот.
Инаку прва ситуација да видам гумите како се однесуваат (БФ Гудрич целосезонски, стари една цела година и возени во сите годишни времиња) и искрено не ми влеваат доверба. Свесно одбрав ваков тип на гума затоа што не сме по зимски спортови и одмори, Скопје има снег неколку дена во сезоната, возам умерено, Грандето не е толку тешка и масивна кола и чисто да видам како ќе изгледа еден сет целосезонски возени во сите сезони.
Јас со овие гуми не би се осмелил пр да одам до Припор, Сопиште, а камоли до некој зимски центар. Најверојатно следна прилика кога ќе дојде (и ако Грандето уште е прва и единствена опција како превозно средство), би се вратил на класика, два сета, летни и зимски, па ќе се снаоѓаме за чување, менување или евентуално, ЕВЕНТУАЛНО, премиум целосезонска како Мишелин или Гудјиар.