ДАЛИ може нешто да се направи со меморискиве плочки што ги имам, или да барам чаре за две од нив?
Ти реков, дојди да видиме дали може да се среди да работи со нив. Ако не, да пробаме со други дали ќе работи. Ако не, тогаш продажба на пазар13.
Плус, екстра инфо ако може... У мое време, Kingston, Glacial Tech, Sapphire (ATi), WD, и пар други беа меѓу најдобрите брендови... Сеа испадна дека Glacial Tech биле шкарт, а Kingston биле тиња...
1) Glacial Tech = Chevrolet Kalos или автомобил кој за парите можда брка работа, ама е тиња во секој можен поглед: перформанси, вожња, безбедност, удобност, просторност, квалитет на изработка, остаточна вредност и тн. Така е и Glacial Tech како бренд. Закачи се на кој сакаш форум за хардвер и во под-форумот за напојувања напиши дека Glacial Tech има квалитетни или добри напојувања и пола од коментарите ќе бидат "WTF's Glacial Tech??!??" а другата половина ќе биде "ROFL".
2) Kingston = VW. А VW произведува од ефтина тиња за кинески пазар како на пример Jetta China:
Но произведува и квалитетни автомобили како на пример Jetta Highline:
Па така оние мемории со 6-6-6-18 без оглед на кој бренд се нискобуџетна тиња, т.е. се склопени со чипови кои неможат да се искористат за „нормални“ или high-end мемории па наместо да се фрлат се убацуваат во ефтини модули со слаби перформанси и/или високи напони за да можат да работат стабилно. Ако тие се од брендот Kingston тогаш се Value RAM.
Еве да речеме, ако ми се подредат ѕвезди и се решам да зиам нова машина, што да барам?
Матична - Asus секогаш како фаворит, а потоа Gigabyte. Но не било каква за да не се доведеш во ситуација во каква што си денес. Ќе бараш Asus -E или -Deluxe или Gigabyte DS4xx па нагоре.
Процесор - Во моментов понудата на Intel е подобра од секој можен аспект. Она што вреди за парите е i5-2500 или i7-2600.
Меморија - сеедно кој бренд, DDR3-1600 CL8 8-8-x на помал напон од 1.65v
Графичка - во зависност од тоа за што ќе го користиш компјутерот, ако е за игри GF 570 во моментов е Best Buy.
Напајање - Cooler Master, FORTRON, Chieftec од она кое можеш да го најдеш кај нас, реални 500W или помоќно во зависност од потребите на конфигурацијата, со активни филтри и заштити OC, OV, SC и други.