Не знам која матична плоча ја имаш, но знам дека тој чипсет кој го имаш не трпи многу модули на РАМ + квад кор. Поготово не, различни модули со различни чипови, тајминзи, потребни напони за стабилна работа на одредени сетинзи и толеранција. Воедно за така натоварена матична, треба матичната да е саглам модел од саглам бренд, т.е. за мене тоа е Asus со -E или Gigabyte DS4 или подобри.
Со други зборови, многу е веројатно дека чипсетот е преоптоварен поради четирите плочки РАМ со голем капацитет од кои 2 со 2 се различни. Дури и да беа плочките идентични, повторно ќе имаше товар на чипсетот. Како резултат, може да се случат различни компликации кои ќе имплицираат дефект на друга компонента. На пример однесувањето кое го објасни Веле е типично за проблем со хард-диск.
Решението на проблемот може да се постигне со покачување на одредени напони и/или релаксирање на фреквенцијата на мемориите и некои тајминзи. Воедно, ко што кажа докторот, напојувањето кое е ефтино и со непроверен квалитет можеби испорачува несоодветен квалитет на напон што резултира со нестабилност на системот.
Веле, ако сакаш некое попладне помини со машината до кај мене во сервис, ќе видиме што е проблем и ако може да се реши ќе го решиме мандатно. Земи број од класниот.