Автор Тема: Проблем со графичка (веројатно :))  (Прочитано 23693 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #60 на: 07 Јануари 2012, 23:31:43 pm »
ДАЛИ може нешто да се направи со меморискиве плочки што ги имам, или да барам чаре за две од нив?
Ти реков, дојди да видиме дали може да се среди да работи со нив. Ако не, да пробаме со други дали ќе работи. Ако не, тогаш продажба на пазар13.

Цитат
Плус, екстра инфо ако може... У мое време, Kingston, Glacial Tech, Sapphire (ATi), WD, и пар други беа меѓу најдобрите брендови... Сеа испадна дека Glacial Tech биле шкарт, а Kingston биле тиња...

1) Glacial Tech = Chevrolet Kalos или автомобил кој за парите можда брка работа, ама е тиња во секој можен поглед: перформанси, вожња, безбедност, удобност, просторност, квалитет на изработка, остаточна вредност и тн. Така е и Glacial Tech како бренд. Закачи се на кој сакаш форум за хардвер и во под-форумот за напојувања напиши дека Glacial Tech има квалитетни или добри напојувања и пола од коментарите ќе бидат "WTF's Glacial Tech??!??" а другата половина ќе биде "ROFL".

2) Kingston = VW. А VW произведува од ефтина тиња за кинески пазар како на пример Jetta China:

Но произведува и квалитетни автомобили како на пример Jetta Highline:

Па така оние мемории со 6-6-6-18 без оглед на кој бренд се нискобуџетна тиња, т.е. се склопени со чипови кои неможат да се искористат за „нормални“ или high-end мемории па наместо да се фрлат се убацуваат во ефтини модули со слаби перформанси и/или високи напони за да можат да работат стабилно. Ако тие се од брендот Kingston тогаш се Value RAM.

Цитат
Еве да речеме, ако ми се подредат ѕвезди и се решам да зиам нова машина, што да барам?
Матична - Asus секогаш како фаворит, а потоа Gigabyte. Но не било каква за да не се доведеш во ситуација во каква што си денес. Ќе бараш Asus -E или -Deluxe или Gigabyte DS4xx па нагоре.
Процесор - Во моментов понудата на Intel е подобра од секој можен аспект. Она што вреди за парите е i5-2500 или i7-2600.
Меморија - сеедно кој бренд, DDR3-1600 CL8 8-8-x на помал напон од 1.65v
Графичка - во зависност од тоа за што ќе го користиш компјутерот, ако е за игри GF 570 во моментов е Best Buy.
Напајање - Cooler Master, FORTRON, Chieftec од она кое можеш да го најдеш кај нас, реални 500W или помоќно во зависност од потребите на конфигурацијата, со активни филтри и заштити OC, OV, SC и други.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #61 на: 08 Јануари 2012, 00:36:32 am »
ДАЛИ може нешто да се направи со меморискиве плочки што ги имам, или да барам чаре за две од нив?
А да ги дадеш сите 4 и да земеш 2 х 4Gb нови две исти?

А останатиов хардвер дали бил тиња или не, нема да дискутирам. Не е фер, а никој од овде не е компетентен да каже.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #62 на: 08 Јануари 2012, 01:05:15 am »
А останатиов хардвер дали бил тиња или не, нема да дискутирам. Не е фер, а никој од овде не е компетентен да каже.
Што не е фер да кажеш дека DDR2 модули со латенции 6-6-6-18 се тиња? Да не му расипуваш продажба на некого? Дај не заебавај. Баш напротив не е фер од страна на оној кој ги продава да не каже дека модулите се тиња.
За тоа дали овде има компетентен за да каже? Мислам дека има. Јас себе си се сметам за сосема компетентен да зборам во врска со било што на темава, а има и други дечки на форумов кои сметам дека се исто така компетентни. Ако конкретно се однесуваше на напојувањето, сум сретнал повеќе пати Glacial Tech со декларирана моќност од "500" W кои не можеле да нахранат конфигурација која на пример стабилно работеше со 350W FORTRON. Може не се чкарт како Delux, кое би го поистоветувал со Chery ама се баш она шо пишав Шевролет Авео, колку да се има напојување.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #63 на: 08 Јануари 2012, 01:23:17 am »
ДАЛИ може нешто да се направи со меморискиве плочки што ги имам, или да барам чаре за две од нив?
А да ги дадеш сите 4 и да земеш 2 х 4Gb нови две исти?

А останатиов хардвер дали бил тиња или не, нема да дискутирам. Не е фер, а никој од овде не е компетентен да каже.
Wtf kompetenten ovde?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #64 на: 08 Јануари 2012, 02:00:07 am »
Прашања до Гојдо.

Дали асус  во сите верзии на плочи се подобри спрема гигабајт? И дали е слична цената на врвен модел од асус со врвен модел од асус?

Јас сум имал Е класа асус и имав доста проблеми со драјверите. А со гигабајтот до сега не сум имал.

Тино јас имам солиден рам ddr2 ако можиш да го најдиш, ТОПЛО ти го препорачувам, има добра цена и перформанси. Kingston HyperX 1066mhz

И бтњ , се што ти напоменаа од брендови ги има кај мене :) :) :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #65 на: 08 Јануари 2012, 02:21:11 am »
Дали асус  во сите верзии на плочи се подобри спрема гигабајт?
Не секогаш секоја матична плоча на Асус е подобра од плоча на Гигабајт во соодветна класа. Меѓутоа во просек во 70% од случаите Asus има подобри матични плочи од Гигабајт. Тоа е статистика извадена по брoј на дефект, по број на багови, по поставени рекорди и слично.

Цитат
И дали е слична цената на врвен модел од асус со врвен модел од асус?
Мислам дека сакаше да прашаш врвен модел од асус со врвен модел од Гигабајт. Да, во развиените земји цената е слична на модел од Асус со соодветен модел од Гигабајт. Кај нас матичните плочи од Гигабајт се нешто поскапи од соодветните на Асус бидејќи се носат во многу помали количини од Асус.

Цитат
Јас сум имал Е класа асус и имав доста проблеми со драјверите. А со гигабајтот до сега не сум имал.
Да слушнам детали за кој модел на плоча и драјвери за што ти правеле проблем? Убеден сум дека не си имал проблем да инсталираш соодветен драјвер за соодветен оперативен систем. Но без разлика на тоа што и да си правел, ако истото тоа си го направел со соодветна матична плоча(исти чипсети и додатен онборд) од Гигабајт исходот ќе бил ист, т.е. подеднакво ќе си имал проблеми.
BTW, се што е добро од Asus и Gigabyte (и од многу други брендови) излезено во последниве 10 години ми поминало низ раце.

Цитат
Тино јас имам солиден рам ddr2 ако можиш да го најдиш, ТОПЛО ти го препорачувам, има добра цена и перформанси. Kingston HyperX 1066mhz
1) Се кладам дека и со тој рам ќе има проблем. Вие пробајте, видите и споделете со останатите на форум.
2) Не му треба таков рам. Не дека тој е лош, туку џабе ќе ги даде парите кога нему му требаат уште 2 плочки како оние кои веќе ги имал или друг DDR2-800 со латенции 5-5-5-15. Но тоа не значи дека и со 4 идентични нема да го има проблемот.

Цитат
И бтњ , се што ти напоменаа од брендови ги има кај мене :) :) :)
Ако има ист бренд не значи дека има исто ко тебе. Битен е моделот, т.е. карактеристиките на моделот. Веле вози Мицубиши, ама неговото не исто што и Eclipse 2011 V6 3800cc.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #66 на: 08 Јануари 2012, 09:51:15 am »
Фала ти Гојдо на одговорите. Иначе плочата беше Асус - АМД процесор. 3800+ АМ сокет. Толку се сеќавам.

Мислев да си земи ваков рам, хајпер Џ, сите 4 плочки. Ама штом викаш дека можно пак да има заебанции, тогаш не е битно.

А за брендовите што ги има кај мене, не мислев кај мене дома, туку кај мене у дуќан. Така да можам од тие брендови да му ги набавам сите можни делови и по одлични цени.  ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #67 на: 08 Јануари 2012, 10:43:24 am »
Да не му расипуваш продажба на некого? Дај не заебавај. Баш напротив не е фер од страна на оној кој ги продава да не каже дека модулите се тиња.
Хаха, на кого бе да расипувам продажба? Јас никого ниту застапувам ниту па продавам нешто.
Ти пак не разбираш, не викам дека 6-6-6-18 не се тиња, велам дека Кингстон не се тиња.


Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #68 на: 08 Јануари 2012, 11:04:14 am »
Ти пак не разбираш, не викам дека 6-6-6-18 не се тиња, велам дека Кингстон не се тиња.
Kingston се реномиран бренд, не е спорно тоа. Но тоа не значи дека меѓу другото не прават и тиња модули кои се продаваат по ефтини цени. А такви се Kingston ValueRAM, кој се прават од остатоците на чипови кои не ги задоволуваат повисоките критериуми за чипови кои се ставаат во поквалитетните модули како на пример HyperX. И ова не е пракса единствено на Kingston. Тоа го прават сите реномирани брендови на меморија како Corsair, OCZ, Mushkin, STT и др.

Фала ти Гојдо на одговорите. Иначе плочата беше Асус - АМД процесор. 3800+ АМ сокет. Толку се сеќавам.
Единствени -E матични од Asus за sAM2 се M2N-E и M2N-E SLI. И двете беа одлични плочи, првата M2N-E базирана на nForce 570, а втората M2N-E SLI на NVIDIA nForce 500 SLI. И двата чипсети на овие плочи се одлични и во нив е вклучена цела периферија на матичните плочи. Па така инсталирањето на драјверите се состои само со уклучување на едно единствено nForce....WHQL_Win xx.exe и понатаму постапката е целосно автоматизирана. За да имаш проблем со драјвери единстгвено треба да бидеш доволно неписмен и да пробаш на еден ОС да инсталираш дравјери наменети за друг. На пример под Windows XP да пробаш да ги инсталираш драверите кои се за Vista. Под Windows 7 не ти се потребни драјвери ни за едната, ни за другата матична плоча.
На времето лично ја поседував M2N-E и можам да кажм дека е многу солидна матична плоча. Разликата со M2N-E SLI имањето на 2 PCI-e x16 v2 слотови за потдршката на 2 графички картички во SLI мод.

Цитат
Мислев да си земи ваков рам, хајпер Џ, сите 4 плочки. Ама штом викаш дека можно пак да има заебанции, тогаш не е битно.
Пробајте.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #69 на: 08 Јануари 2012, 14:33:59 pm »
gOJDO и така викаш, за наш пазар Kingston и останатите прават фалш мемории.


Не тресете глупости, ако воопште нешто може да се купи во Македонија со светски цени и светски квалитет тоа е Хардверот.



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #70 на: 08 Јануари 2012, 14:48:29 pm »
gOJDO и така викаш, за наш пазар Kingston и останатите прават фалш мемории.


Не тресете глупости, ако воопште нешто може да се купи во Македонија со светски цени и светски квалитет тоа е Хардверот.



Среќа што данокот ни` е 5% инаку цените ќе беа светски + 18% :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #71 на: 08 Јануари 2012, 14:52:13 pm »
Не игра улога само данокот. Во Македонија има еден куп дилери. Конкуренцијата е огромна и немилосрдна.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #72 на: 08 Јануари 2012, 14:55:15 pm »
gOJDO и така викаш, за наш пазар Kingston и останатите прават фалш мемории.


Не тресете глупости, ако воопште нешто може да се купи во Македонија со светски цени и светски квалитет тоа е Хардверот.



Среќа што данокот ни` е 5% инаку цените ќе беа светски + 18% :D
Во право е Куоре, Ништо страшно и да се 18% на сегашниве цени.
Точно е дека Кингстон хајпер-икс се мемории кои задоволиваат високи критериуми и нив ги купуваат оверклокери и слично, но точно е и дека Kingston ValueRam се прекрасни кодули за секојдвенвно и професионално работење. Нив можеш да ги ставиш во комбинација од 4 под услов да се сите иста серија на секоја плоча на пазаров која има 4 слота и да немаш никаков проблем под услов да не оверклокуваш и да си ги бозиш со фабрички волтажи.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #73 на: 08 Јануари 2012, 15:09:27 pm »
Не реков дека не се согласувам со куоре, а и второто е точно дека конкуренцијата е немилосрдна - и јас сум во бизнисот, знам многу добро, само сакав да потенцирам дека имаме екстра поволност што еданокот низок :) Хардверот никогаш не бил толку достапен, но и денес како и порано, да склопиш убава машина сепак ќе треба да дадеш околу 1000-че и тоа без монитор :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со графичка (веројатно :))
« Одговори #74 на: 08 Јануари 2012, 15:17:58 pm »
Не реков дека не се согласувам со куоре, а и второто е точно дека конкуренцијата е немилосрдна - и јас сум во бизнисот, знам многу добро, само сакав да потенцирам дека имаме екстра поволност што еданокот низок :) Хардверот никогаш не бил толку достапен, но и денес како и порано, да склопиш убава машина сепак ќе треба да дадеш околу 1000-че и тоа без монитор :)

Нееееее, 1000че ти треба за Мек не за ПЦ. Со 600-700 евра се прави прекрасна машина (без SSD)