Било кој што разбира нешто нема да отиде да купува телевизор со 500 евра. А разликата од сликите што ги прати е очигледна и без никакво зумирање.
Не секој може да си дозволи ни толку пари за телевизор, каму ли повеќе.
Или можеби сега треба се убедуваме дека ако се нема пари за телевизор поголем од 50 инчи и исклучиво 1080р, тогаш подобро ич да не се гледа телевизија и филмови?

Со болдираното и јас се сложувам. Затоа земав 50“ екран со најцрна црна во моментот, Така да, Van, мојот ТВ е 50“, го гледам на растојанија од 2-4м, и е плазма. Дали јас ќе ја видам разликата или не, ти не можеш да ми кажеш. Не би требало да ми кажуваш, премногу е претенциозно. Може јас да ти кажам дали приметувам разлика или не, ако сакаш. Ако не сакаш нема да ти кажам. А ако некому му советуваш дека е супер да земе плазма 720p од 50“, тогаш јас на истиот ќе му кажам дека брзо ќе зажали што не избрал 50“ со 1080p.
Кул, тогаш комотно можеме да се согласиме дека дефинитивно не се согласуваме.

Не затоа што 720р резолуција е подобра од 1080р (секако дека не е), туку затоа што резолуцијата е само еден параметар меѓу многуте поважни параметри.
Не затоа што јас ти кажувам што Ти можеш или не можеш да видиш, туку за затоа што тоа е општо прифатен консензус, барем во рецензиите и другите технички колумни.
Освен тоа сам кажа дека меѓу разликата меѓу 720р и1080р резолуциите ја проценуваш на еден телевизор, својот 50инчен, 1080р нативен телевизор. Ова последново ти ја дисквалифицира процената, мислев дека ме разбра некој пост погоре. Нормално дека ќе приметиш разлика, со слика што е upscaled на повисока резолуција.
Прашањето е дали ќе приметиш разлика ако напоредно покрај твојот 50инчен 1080р Самсунг, ставиме 720р Самсунг (исто плазма, и од слична серија). Со седење на 3 метри од нив нормално, не со лупа од 5см.

Види, јас не ти кажувам што ти да правиш, но за мене е претенциозно на друг да му советуваш кога купува нешто да се раководи исклучиво по елитистички бескомпромисни појдовни гледишта. Се разбира освен ако не е богат и има пари за фрлање (ама во тој случај не би прашувал за телевизор од 500евра).