Дома имам 42" Panasonic плазма, HD реди, стар 5 години (го платив ѓавол-и-пол на времето)
во викендица имам 42" LG LCD, full HD, стар 1 година
Не е нормално плазмата колку боља, по пријатна и по природна слика вади. LCD-то ме замара после саат-два гледање, штипе очи без оглед какви сетинзи за светло-контраст ќе му наместам.
Тој проблем не постои кај плазмата. Moжам цел ден да го гледам, а после да барам уште. Е сеа, троши струја и се грее, но тоа е мала цена за ќефот