Дојде ред после долго време да се бира нов телевизор. Димензии на дневна 4.2 на 3.9 метри, а ТВ би се гледал од далечина 3.6-3.7 метри.
Би идел на 55-65 инчи големина на екран. Веројатно може и повеќе, ама да не претерувам. Скроз не сум у тек со денешниве модели и рангирање, затоа ми се потребни совети и насоки. Од спецификации мислам дека 4К е задолжително, Wifi , да не се зезам со кабел. Опции за тјунер мислам дека не ми игра ништо улога, бидејќи како што гледам сите оператори во Германија си имаат свои медиа боксови или како и да ги викаат. Е сега околу оперативен систем, верувам дека со Андроид е најдобро, највеќе апликации и веројатно добра поддршка низ годините. Имам постар LG и пред неколку години скинаа Youtube заради flash-от, ако добро памтам. Кои серии од брендовите се бест бај? Со добри технички карактеристки, добри панели, но и со поволна цена...