Значи вака, еднаш засекогаш да го решиме проблемот со големината на телевизорот.
Си има чекори како се одбира големина на телевизор кој ќе одговара на просторот. Се мерат (у суштина) две страни на триаголник, за да ја добиеш третата, односно висината.
1. Мериш дистанца меѓу местото каде обично ќе седиш и местото каде ќе ти стои телевизорот (во сантиметри).
2. Оваа бројка ја делиш со два.
3. Мериш дистанца од најниската точка каде седиш (на троседот, да речеме) до точка на локација каде ќе биде поставен телевизорот, но по линија под агол од 30 степени.
4. Оваа бројка ја делиш со три.
5. Двете бројки ги собираш и ги делиш со два.
6. НАЈВАЖНО: Добиениот резултат го забораваш сместа, и одиш и си го купуваш најголемиот телевизор што можеш да си го дозволиш што ги исполнува твоите критериуми за квалитет (но во суштина, 1080п и некаква андроид функционалност.)