Колку е Равенолот моментално? Во Германија е најскапо на пазарот моментално… Околу 22€ литар, единствено на motointegrator се зачекуваат цени до 16€ литар.
Ненормално скап, поскап и од Motul 300V
во Техномото го немаа и ми рекоа нема ни да го има бар месец дена, а колата веќе има 16000км од последен сервис. Од Аутоцентар го зедов за околу 2000 денари литар.
REP5W30 the best of the best podobar od 300V
Од таа градација, безбедно за ОПФ, дефинитивно најдобро. RSP 5W30 е фабричко полнење за M4 GT4 со истиот мотор без OPF.
Него, повлекувам сѐ лошо што сум кажал за оваа генерација на М коли. Не е реално кола од 1750кг да вози толку добро како што вози оваа. Летвата е класи над старата, многу подиректна, со повеќе фидбек на волан (замисли). Адаптивната суспензија е прекрасна, а пошироката трага напред и назад многу помага во стабилност, многу порано можеш да дадеш гас без да осетиш дека гзот ќе избега.
За жал на build-ов (и за среќа на новчаникот), имам чувство дека листата на модификации ќе биде прилично кратка за оваа, за разлика од претходната. И тоа повеќето од работите се од официјалниот каталог на БМВ

Секоја чест за BMW M.