Епа ајде пошто колата е на пат, официјално и да ја претставиме.
Се работи за BMW M2, кодна ознака G87, од 2023та година (прва регистрација 09/2023). Спецификациите се следните:
Мотор: S58B30T0 – M TwinPower Turbo, 3.0L, реден 6-цилиндричен, две турбини
Моќност: 460 КС (338 kW) @ 6.250 rpm
Вртежен момент: 550 Nm @ 2.650–5.870 rpm
Максимални вртежи: 7.200 rpm
Менувач: ZF 8HP76, 8-степен автоматски M Steptronic со Drivelogic, со погон на задни тркала
Бандажи и гуми: Предни 19x9.5J ET20, со 275/35 19 гуми, задни 20x10.5Ј ET20, со 285/30 20 гуми. Моментално е на Pirelli P Zero * (BMW OE) летни гуми, предни 2026та задни 2025та.
Од опрема, како што кажав и во другата тема, нема што нема

малку подетална листа
ЕкстериерM Carbon Roof – карбонски кров
19"/20" M Double-Spoke 930M тркала
BMW Individual Shadowline со проширени црни детали
BMW Individual Shadowline Lights
Adaptive LED фарови со High Beam Assistant
Затемнети задни стакла
Перформанси и шасијаM Drive Professional - M Traction Control со 10 нивоа, M Drift Analyser и M Laptimer
Adaptive M Suspension
Active M Differential
M Driver's Package - максимална брзина зголемена на 285 km/h
M1/M2 меморија за поставки
Ентериер и комфорM Sport седишта со црна Vernasca кожа и контрастни сини шевови
Електрично прилагодување на седиштата со меморија
Лумбална поддршка на предните седишта
Греење на предните седишта
M сигурносни појаси
Aluminium Rhombicle Anthracite декоративни елементи
M Illuminated Highlighters
Ambient Lighting
Comfort Access
Автоматска трозонска клима (да, трозонска!)
Технологија и асистенцииBMW Live Cockpit Professional / iDrive 8, BMW Curved Display, навигација и M-specific Head-Up Display
12,3" дигитална инструментална табла и 14,9" централен дисплеј
Harman Kardon Surround Sound System
Active Cruise Control со Stop & Go
Driving Assistant
Parking Assistant со рикверц камера
Wireless Charging за мобилен телефон
ConnectedDrive Professional
Еве и некоја слика, од огласот и од тоа што ми пратија од проверката:









Мал backstory: Иницијално претходната М2ка ја огласив заради тоа што требаше да се селиме надвор од Мк. Тие планови се сменија, и таман среќен дека ќе продолжам да си ја возам, ми се јави проблем со левото колено, до степен да после 10 минути возење имав болка да не можам по скали да се качам, и ова ми се јави јулито на одмор. После доктор, физиотерапевт, ултразвук и магнет, заклучокот беше дека „на коленото немаш никаква повреда, 99% е само repetitive strain injury и дека едноставно ергономијата на возилото не ти одговара“. И стварно, ќе направев 2-3 недели одмор од возење, следно возење малку подобро и после 2-3 возења пак се влошуваше. И ради сето тоа F87ицата во последните 3-4 месеци пред продажба немаше поминато ни 1000км, па така на мое (и на жена ми) големо незадоволство остана на оглас.
Во меѓувреме гледав како се движат цените на пазар. Прв избор (па 2 нивоа, па вториот избор) ми беше Giulia Quadrifoglio, 2024та или нагоре, црвена или зелена, и следно купување на кола кое ќе биде од желба а не од потреба ќе биде таа. Во игра влегуваше и G80 M3/G82 M4. Во меѓувреме додека ја продавав старата, излегоа две М4ки на огласи во Мк, 2021ва година pre-LCI, но продавачите без навреда не знам на што дроги беа, ценовно им бараа само 10к евра поефтино од цените во М Кар, и за замена ми бараа да доплатам кеш во вредност колку уште една М2ка. Така да баталив тоа. Во меѓувреме имав понуда за замена за FK8 Civic Type R и да ми доплатат, тоа ми изгледаше интересна опција, ем да ми остане некаква забавна кола и ем доволно кеш да земам некоја „нормална“ аутоматик кола за развозување, но во последен момент се премисли човекот. Имав и уште некои други малку забегани понуди за замена, и додека му се жалев на другаров што евентуално ја купи, само ми вика „Па за таа сума јас ќе ти ја купам кеш“ „Сериозен си?“ „Да, ако можеш утре да ја извозам уште еднаш да ја видам само“ „Нема проблем“. И така во 2 дена скрос неспремен отиде F87цата, кај човек што ќе ја цени и ќе ја чува па скоро како јас.
Е сега, пошто ја дадов за пониска цена од што очекував, за жал Џулијата, како и М3/М4 отпаднаа од игра. Се разгледуваа M340i, но солидно опремена LCI М340ка (под солидно мислам да има електрични седишта со меморија, Харман Кардон, адаптивна суспензија, задна камера и евентуално HUD), беа само 3-4 илјади евра поефтини од Џулијата/М3, па и тоа отпадна ко опција. Се гледаше и Џулија Велоче/Компетиционе но душа не дава да се вратам од 6 цилиндри на 4. Муабетот дома беше дека е пожелно да има задни врати, но ако излезе опција со две, и тоа е океј сѐ додека колата е генерално удобна за на подолг пат, и дека е океј ако е помала. И така тргнав да гледам Audi RS3 како опција, ме привлече петцилиндрашот и новиот torque vectoring диф, и како што гледав рецензии и споредби уствари сфатив дека скрос го изумив најочигледниот избор, односно директната конкуренција на RS3ката

И така се отворија огласи, се најдоа 3-4 Premium Selection избори, се исконтактираа, тие што вратија се договоривме за цена, и следно звонам во АутоНБ да спремаме нарачка. Ко вака, ми вика дека привремено не врши увоз на половни возила, не знам зошто. Беља

се мислам што ми е другиот избор, одлучив да се јавам во Интеркар зошто гледам дека држат скапи возила.
Многу позитивно изненаден и импресиониран од услугата. Им ги пратив колите што ги гледав, луѓето имаат свој човек во Германија кој што ги исконтактирал салоните на германски (секако), добил сѐ од информации за возилата, ми пуштија пресметки за увозни давачки во рок од 20 минути. Супер, договорив да отидам кај нив во салон и да направиме подетално муабет.
Изборот падна на две, двете црни. Првата, 38000км, со еден сопственик, од BMW Munich, и втората, 38000км, со 2ца сопственици, од некој друг салон во близина, која што беше 3000 евра поскапа и од опрема дополнително од првата имаше само Carbon Interior Pack. Секако, изборот падна на првата, пошто поефтина, само 1 сопственик, а карбонскиот ентериер од BMW да го купиш фаќа околу 900 евра и се мести за 20 минути

Како услуга ми понудија да платам одредена сума и човекот од Германија да појде на лице место и да ја прегледа колата, да потврди дека сѐ е како што треба. Појде таму, ми сними видео од 10 минути од секој детаљ од колата, точно сѐ што видел ми раскажа, колата е генерално стакло, единствена замерка што имала 4-5 зуцки од камчиња на преден браник, стандард. Чим потврди тоа, истиот ден ми спремија преддоговор, уплатив капар, и ја нарачаа колата. Испадна дека неделата пред тоа од истиот салон купувале друго возило, па им ги стокмија двете за транспорт за неделава.
Да не го објаснувам бизнис планот нашироко, Интеркар колата од Германија ја купуваат преку фирма (партнер или подружница, не сфатив) во ЕУ, за да не чекаат на салоните 3 недели да им спремаат документи за извоз. Јас за претходната М2ка мислам дека чекав 3 и нешто недели само за да спремат документација и да ја ослободат за транспорт, тука беше сето тоа во 2 дена.
Тоа е тоа, повеќе информации ќе објавувам како ќе се движи колата накај (и во) Македонија.