Ај вака да напишам малце повеќе импресии после првиот ден.
Од аспект на надворешен изглед, колата во живо изгледа предобро, и дефинитивно ѝ годат повеќе темни бои (црна, Fire Red, Portimao Blue). Јас досега во живо сум видел само Zandvoort Blue, и не ми се свиѓа толку. Измеѓу оваа и F87, искрено не би можел да кажам која ми се свиѓа повеќе на изглед

Предната оска е дефинитивно превисока од фабрика и личи малце чудно без rake.
Ентериерот е две класи над F87, што е и очекувано, F87 ентериерот е базиран на 1 серија од истата генерација, додека оваа има ентериер од 3ка со некои ситни штедења (како немање кожа на шалтабла и слично). Во секој случај е одлично и квалитетно изработен и немам некоја замерка. Седиштата се одлични, надградба во секој аспект од старите. Едиствено ми сметаат paddle shifters, бидејќи немам carbon pack за ентериер, ги има шифтерите од base model 3ка. Малце глупо ама лесно се менуваат.
Инфотејнментот и заоблениот таблет дефинитивно не личат најубаво кога ги гледаш од страна. Од возачко седиште се супер, самиот екран е интуитивен за користење (колку што може тачскрин екран во кола да биде, сепак мислам дека БМВ најдобро го имаат скоцкано), и iDrive тркалцето е уште тука за кога треба. Apple Carplay е 10 пати подобар од на F87цата, главно ради поширокиот екран и можноста да собере повеќе работи одеднаш (пример екранот кај што прикажува мапа и музика заедно, мапата е поголема отколку фулскрин мапата на F87). Она што најмногу ми фали се 1-10 копчињата за кратенки што ги имаше на F87. Знам дека има виџети на Home екранот и може да ги конфигурираш, ама копчињата се полесни за употреба. Инаку генерално iDrive 8 одличен за користење. Екраните се со феноменален квалитет, и боја и резолуција.
Најбитното, за возење. Не успеав да ја пробам нешто многу пошто времето не дозволува, главно ја развозував низ град во граници на дозволеното, со 2-3 убави повлекувања од семафор да ја пробам, и вчера ја пробав на автопат на пат назад дома од Интеркар. Кога е сѐ во Efficient/Comfort, G87 е првата М2ка што конечно можеш од фабрика да ја извадиш и да биде одличен gran tourer. Тивка, удобна (не е X5 на воздушна суспензија, ама е удобна и многу добро се носи со дупки и нерамнини). Редна шеска со ZF8 е проверена комбинација, најмногу што се слуша од надвор се гумите.
Ми се свиѓа многу што воланот е фабрички многу подиректен од F87 и нема толкава мртва точка на средина, многу брзо реагира.
Во Sport режим ја пробав само од семафор, и јас стварно не знам BMW што правеле со S58 ама е неверојатен моторот. Старата М2ка од старт, даваш гас, прави малце драма моторот, пролизгува тркала и кога ќе фати оди. Овде даваш гас -> оди. И влече како камион до редлајн. Не сум ја пробал на кривини, сигурно е одлична, ќе пишам за тоа чим се потсреди времево малце.
Obligatory слики од нова кола од Борис паркингот:

