Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 365 пати)

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Купување стан и уредување (Balanar)
« на: 02 Јануари 2026, 23:58:30 pm »
Денес правев некои груби пресметки (плус се чув со банките) за станбен кредит. Ова подолу е само кредитот, без другите пропратни трошоци. А каде се трошоците за уредување на истиот  :)
Чисто ме интересираше колку е месечно рата, колку би било крајно за враќање и сл.

60.000 евра на 20 и 30 години.
80.000 евра на 20 и 30 години.



Свесен сум дека варијабилната камата е баш тоа - варијабилна и не може да се гледа од денешен аспект, грубо се пресметките со денешна дата.
Исто така, свесен сум дека можеш кредитот да го рефинансираш после 10 години и пак да се ставиш на фиксна за наредни 10 години  :)
Да не зборам што можеш и да го отплатиш порано доколку имаш можност, па крајната сума да е доста помала.

Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.
« Последно менување: 03 Јануари 2026, 00:06:03 am balanar »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #1 на: 03 Јануари 2026, 00:29:05 am »
Доколку е опција, една од можностите е да купиш помал стан, да се стремиш да го донесеш кредитот до што е можно пониско ниво, затворајќи го од двете страни. Пример - имаш 100 евра рата, и се трудиш да штедиш на годишно ниво одредена сума, и да ја ставаш заштедата во главницата. Плус никој не ја знае иднината, особено околу финансиите. Тргни, па патот ќе се појави. По извесен период тој стан може да се продаде и поскапо од што си очекувал, и да стане солидна основа за поголем стан.

Што и да одлучиш, со среќа. Старите викаат:”За куќа и Господ помага.”

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18250
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #2 на: 03 Јануари 2026, 01:51:26 am »
Речиси сите што земаат кредит на 30 години (вклучувајќи ме и мене на 25) планираат вака или онака да го отплатат пред време. Дали преку продавање на недвижнината, дали преку штедењата и уплатите опишани погоре.

А ако се решаваш на чекор за нешто што ќе ти биде дом за секогаш, должината на кредитот не би требало да те мачи. Битно е да можеш да ја поднесеш месечната рата.

Јас ја штелував должината на отплата да задржам што поблиску висина на рата до киријата што ја плаќав во моментот. Сеа за среќа можам и два три пати повеќе да враќам, ама тогаш не беше така случајот.

Со среќа во мислата и нека се редат коцките.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15270
  • Пудингот на шоферството
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #3 на: 03 Јануари 2026, 08:51:41 am »
Многу нормално дека 30г отплата е претерано долг период барем за мене,ако си 30г доаѓа да отплаќаш до пред пензија.Јас зедов на 20г со опција да го исплатам за 10г најбрзо(побрзо и да сакаш и да можиш нема опција).Па сега за сега сме на добар пат,ми се врти во глава уште еден стан да земам и да го давам под наем,ама најверојатно таа опција ќе почека уште 3-4г.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #4 на: 03 Јануари 2026, 14:32:07 pm »
и се трудиш да штедиш на годишно ниво одредена сума, и да ја ставаш заштедата во главницата.

Вака правам одамна - месечно си тргам од плата X сума. Или тоа што ќе остане од плата или тргам само што ми стигне плата, зависно од планираните трошоци за тој месец. Исто имам и тримесечен бонус - ова одма оди на штедната, не го ни чепкам. Исто и К-15-то.

Прво почнав така да штедам за летен одмор (почнував од септември, па до мај наредната година, со цел да соберам 1500 евра), ама се прошири штедењето преку целата година и доста над посакуваната сума. Го рачунам како некој мој „црн фонд". Едно време мислев да ги вложам во нешто (акции), ама се премислив.
Само што немам кредити (потрошувачки или станбен и сл.), па си ги префрлам на штедна сметка (ависта) од која можеш да вадиш и ставаш кога сакаш.

Со тие пари би уплатил учество или би го опремил станот (за да не земам и потрошувачки кредит, дополнително на станбениот). Мада во Стопанска мислам дека можеш да земеш поголем станбен кредит, па со тие пари да го уредиш станот (лупам, плус 10к - 15к евра од цената на станот).
Или ќе продолжат да стојат за „црн фонд“, ќе видиме како ќе се прикаже.

А инаку да - предлогот ти е супер, така размислував и јас нешто.

Јас ја штелував должината на отплата да задржам што поблиску висина на рата до киријата што ја плаќав во моментот. Сеа за среќа можам и два три пати повеќе да враќам, ама тогаш не беше така случајот.

Со среќа во мислата и нека се редат коцките.

Изгледа и кај мене ќе биде така, така ми стои.
Ќе гледам висината на месечната рата да биде поднослива во однос на месечните примања што ги имам...
« Последно менување: 03 Јануари 2026, 14:48:02 pm balanar »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #5 на: 03 Јануари 2026, 14:55:28 pm »
За опремување мање више, можеш и со Икеа шема да тераш неколку години. Вложување по 20-25 илјади евра, за мене барем, е промашена инвестиција. Плус, минималистички, а функционално, опремен стан е нешто што дополнително ќе ти го олесни животот. Одржување, хигиена итн. Кога не ти е опремено по мерка и замена на мебел е полесен чекор.

А и како поминуваат години човек сфаќа дека трупањето ствари низ куќа сигурно нема да те направи посреќен. Под оваа категорија ставам кожни гарнитури, мебел од масивно дрво, ултра скапи телевизор и останатата бела техника и сл.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #6 на: 03 Јануари 2026, 15:01:33 pm »
Да чуваш поголема сума пари во црн фонд на денешнава економија во која инфлацијата е 2 цифрена последниве 5 години наназад спаѓа во посебна категорија финансиска неписменост. Ако сакаш да успееш во денешнава економија заборави се што те учеле од дома дека треба да се штети и да не се зима кредити. Инаку акциите за година ипол на портфолиото се отприлика 80 проценти нагоре. Значи ако си имал 10к сега ќе имаше 18к. а куповната моќ на 10к од пред година ипол сега е 9к а ти дале 200 евра камата. 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18250
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #7 на: 03 Јануари 2026, 15:07:19 pm »
Како дополнителна информација (до сеа директно вклучен во опремување на 4 стана во последниве 4 години, секако не сите мои), основно опремување на двособен стан што го добиваш скроз празен излегува 8 до 10 илјади евра. Секоја дополнителна спална е 2 до 3 илјади.

Зборувам за станови во кои планирале луѓето да живеат, па избрале малку поскапи од најевтините опции.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #8 на: 03 Јануари 2026, 15:08:50 pm »
Како дополнителна информација (до сеа директно вклучен во опремување на 4 стана во последниве 4 години, секако не сите мои), основно опремување на двособен стан што го добиваш скроз празен излегува 8 до 10 илјади евра. Секоја дополнителна спална е 2 до 3 илјади.

Зборувам за станови во кои планирале луѓето да живеат, па избрале малку поскапи од најевтините опции.

Значи доста блиску до она што го имав/имам замислено како сума... За стан од цирка 55m2.

Цитат
(лупам, плус 10к - 15к евра од цената на станот)

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #9 на: 03 Јануари 2026, 16:53:22 pm »
Да чуваш поголема сума пари во црн фонд на денешнава економија во која инфлацијата е 2 цифрена последниве 5 години наназад спаѓа во посебна категорија финансиска неписменост. Ако сакаш да успееш во денешнава економија заборави се што те учеле од дома дека треба да се штети и да не се зима кредити. Инаку акциите за година ипол на портфолиото се отприлика 80 проценти нагоре. Значи ако си имал 10к сега ќе имаше 18к. а куповната моќ на 10к од пред година ипол сега е 9к а ти дале 200 евра камата. 


Секако. Најпаметно е да земеш кредит и да слушаш подкасти за Трејдинг 212 како рецепт за брз финансиски успех.

Јас од друга страна цел живот терам со мали, но временски  многу промислени чекори и никогаш не сум се заебал. Досега добри ми оди, и сум задоволен. Тоа причите за 80% годишно се приказни за добра ноќ. Годинава 80%, догодина -120%.  Втор муабет во државава после кладилница секако, е СП500. Во меѓувреме плочкар наплаќа 3000 евра по купатило работна рака, пошо сите сме инвеститори и бизнис ангели.

Да се тресам  секое сабајле со кафе акциите дали ми пораснале.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #10 на: 03 Јануари 2026, 21:24:06 pm »
Денес правев некои груби пресметки (плус се чув со банките) за станбен кредит. Ова подолу е само кредитот, без другите пропратни трошоци. А каде се трошоците за уредување на истиот  :)
Чисто ме интересираше колку е месечно рата, колку би било крајно за враќање и сл.

60.000 евра на 20 и 30 години.
80.000 евра на 20 и 30 години.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Свесен сум дека варијабилната камата е баш тоа - варијабилна и не може да се гледа од денешен аспект, грубо се пресметките со денешна дата.
Исто така, свесен сум дека можеш кредитот да го рефинансираш после 10 години и пак да се ставиш на фиксна за наредни 10 години  :)
Да не зборам што можеш и да го отплатиш порано доколку имаш можност, па крајната сума да е доста помала.

Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.
Јас лани купив стан на 30г и ова го научив во целиот процес:

- Црн фонд што ќе ми покрие барем една година од сите месечни трошоци вклучувајќи и ратата за станбениот
- Сите освен комерцијална ми спуштија камата, од како прашав за пониска камата. Прашувај/преговарај
- Трошоци за купопродажба/даноци/нотар/адвокат пробај да ги вклучиш оквирно во трошоците
- Јас би земал кредит за уредување на станот отколку да останам со празно ќесе - не знаеш што може да се случи наредниот месец. Ако земеш и потрошувачки може да ти подобра камата
- Во ниеден случај не се оставај без кеш
- Иако не најдеш идеален стан - купувај заради тоа што со уплаќањето на учеството и ратите создаваш капитал

Освен ако не продаваш недвижнина па со истите пари купуваш друга, тешко дека ќе купиш недвижнина на многу краток рок - така функционираат работите

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #11 на: 03 Јануари 2026, 23:12:15 pm »
Еден член (во ПП) ми посочи за Халк.
Како да имаат најниска фиксна (2.9%) за првите 10 години.
Некој скоро да не има земано од кај нив?

И еден апдејт на табелата (она со портокалово се варијабилните камати и се нерелевантни ако се прави рефинансирање после 10-те години):


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15355
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #12 на: 04 Јануари 2026, 11:41:02 am »
Денес правев некои груби пресметки (плус се чув со банките) за станбен кредит. Ова подолу е само кредитот, без другите пропратни трошоци. А каде се трошоците за уредување на истиот  :)
Чисто ме интересираше колку е месечно рата, колку би било крајно за враќање и сл.

60.000 евра на 20 и 30 години.
80.000 евра на 20 и 30 години.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Свесен сум дека варијабилната камата е баш тоа - варијабилна и не може да се гледа од денешен аспект, грубо се пресметките со денешна дата.
Исто така, свесен сум дека можеш кредитот да го рефинансираш после 10 години и пак да се ставиш на фиксна за наредни 10 години  :)
Да не зборам што можеш и да го отплатиш порано доколку имаш можност, па крајната сума да е доста помала.

Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.
Јас лани купив стан на 30г и ова го научив во целиот процес:

- Црн фонд што ќе ми покрие барем една година од сите месечни трошоци вклучувајќи и ратата за станбениот
- Сите освен комерцијална ми спуштија камата, од како прашав за пониска камата. Прашувај/преговарај
- Трошоци за купопродажба/даноци/нотар/адвокат пробај да ги вклучиш оквирно во трошоците
- Јас би земал кредит за уредување на станот отколку да останам со празно ќесе - не знаеш што може да се случи наредниот месец. Ако земеш и потрошувачки може да ти подобра камата
- Во ниеден случај не се оставај без кеш
- Иако не најдеш идеален стан - купувај заради тоа што со уплаќањето на учеството и ратите создаваш капитал

Освен ако не продаваш недвижнина па со истите пари купуваш друга, тешко дека ќе купиш недвижнина на многу краток рок - така функционираат работите


Ако рата ти е 400 евра, месечни трошоци ти се 1300-1400 евра, значи 1800 евра ти требаат месечно

Што значи ~ 20000 евра “резервен фонд”.

95% од населението во Македонија и тоа што зема ваков кредит не може да си го дозволи

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7873
  • French diamond
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #13 на: 04 Јануари 2026, 12:01:30 pm »
Ако сите гледаат вака, нема никогаш да купат.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7133
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #14 на: 04 Јануари 2026, 12:10:56 pm »
Тој што зема плата од 500€ не може да си дозволи рата од 350-400€... И тоа е факт.