Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 363 пати)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #15 на: 04 Јануари 2026, 12:12:12 pm »
Нека бидат и 6 месеци ... важно е да има од кај да црпне кога ќе зашкрипи работата или нешто друго ќе се случи што ќе го прекине или намали приливот на пари.

Јас така направив и многу ми е полесно од психолошки аспект, дури скратив на учество за да имам резервен фонд од 1 година

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #16 на: 04 Јануари 2026, 12:13:59 pm »
Тој што зема плата од 500€ не може да си дозволи рата од 350-400€... И тоа е факт.
Највеќе што може да ти одбие банката за рата за станбен е 50% од примањата, евентуално ако имаш поголеми примања 3к+ прават отстапки

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #17 на: 04 Јануари 2026, 12:16:32 pm »
Нека бидат и 6 месеци ... важно е да има од кај да црпне кога ќе зашкрипи работата или нешто друго ќе се случи што ќе го прекине или намали приливот на пари.

Јас така направив и многу ми е полесно од психолошки аспект, дури скратив на учество за да имам резервен фонд од 1 година

Без резервен фонд нема да се оставам и јас, без разлика на парите дадени за учество за стан, за станбениот кредит, за опремување на стан...
Како што кажа и ти - и мене ми дава некое чувство на сигурност.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #18 на: 04 Јануари 2026, 18:20:50 pm »
Денес правев некои груби пресметки (плус се чув со банките) за станбен кредит. Ова подолу е само кредитот, без другите пропратни трошоци. А каде се трошоците за уредување на истиот  :)
Чисто ме интересираше колку е месечно рата, колку би било крајно за враќање и сл.

60.000 евра на 20 и 30 години.
80.000 евра на 20 и 30 години.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Свесен сум дека варијабилната камата е баш тоа - варијабилна и не може да се гледа од денешен аспект, грубо се пресметките со денешна дата.
Исто така, свесен сум дека можеш кредитот да го рефинансираш после 10 години и пак да се ставиш на фиксна за наредни 10 години  :)
Да не зборам што можеш и да го отплатиш порано доколку имаш можност, па крајната сума да е доста помала.

Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.
Јас лани купив стан на 30г и ова го научив во целиот процес:

- Црн фонд што ќе ми покрие барем една година од сите месечни трошоци вклучувајќи и ратата за станбениот
- Сите освен комерцијална ми спуштија камата, од како прашав за пониска камата. Прашувај/преговарај
- Трошоци за купопродажба/даноци/нотар/адвокат пробај да ги вклучиш оквирно во трошоците
- Јас би земал кредит за уредување на станот отколку да останам со празно ќесе - не знаеш што може да се случи наредниот месец. Ако земеш и потрошувачки може да ти подобра камата
- Во ниеден случај не се оставај без кеш
- Иако не најдеш идеален стан - купувај заради тоа што со уплаќањето на учеството и ратите создаваш капитал

Освен ако не продаваш недвижнина па со истите пари купуваш друга, тешко дека ќе купиш недвижнина на многу краток рок - така функционираат работите


Ако рата ти е 400 евра, месечни трошоци ти се 1300-1400 евра, значи 1800 евра ти требаат месечно

Што значи ~ 20000 евра “резервен фонд”.

95% од населението во Македонија и тоа што зема ваков кредит не може да си го дозволи

Месечни трошоци 1400 евра без рата за стан/кирија? Што правите бе луѓе :)

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3003
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #19 на: 12 Јануари 2026, 11:03:12 am »
@balanar Гледам имаш горе доле конкретен план, мој совет е да пресечеш што побрзо, пред се заради инфлацијата, а и да не плаќаш кирија. Штом ќе почнеш твој стан да исплаќаш, секако си во поповолна позиција со секој изминат месец.

Нормално јас кога земав кредит не очекував ваква драстична инфлација, 2019 година, на плата од 30.000 ден рата ми беше 20.000 ден (нормално ја земаа во предвид и платата на сопругата во скоро ист износ како мојата плата, инаку немаше да ни дадат кредит). Не за џабе е вицот „Се поскапува ама среќа кредитот ми е ист“.

Уште еден понов пример, имавме гарсоњера во Скопје, ја продадовме за поголем стан како инвестиција, решивме да реагираме и да го решиме тоа прашање пред одморите лани. За овие 4 месеци, само по цена на квадрат што се качи за 200 евра, сме во „условно кажано добивка“ 9000 евра, како и на паркингот (сега е поскап за 2000 евра). Зградата уште се гради, до вселување уште најмалку 200 евра од квадрат ќе се покачи. Ама тука е друга ситуација, доста средства имавме од гарсоњерата, не беше од 0 како за станот во кој живееме, па може да се каже малку покомотна ситуација.

Во однос на дискусијата за месечни расходи за 4 члено семејство, посебно во Скопје, во последно време 2000 евра се некоја минимална сума со пренесено салдо 0 за нареден месец, секако и ние сме со кредит од отприлика 350 евра. И тоа во момент кога поголемото дете веќе не слави родендени како порано, а помалото е уште мало да слави по игротеки, дома готви сопругата да има за барем 2 дена храна (ова го потенцирам затоа што храната е мислам најмногу поскапена). Зборам да се помине месецот без ресторани, кино, театар, кафиња и сл., со просечен одмор 7-10 дена во Грција во студио/апартман и без зимување. Нормално не се стискаме за секој денар, како што кажа некој да не им пренесуваме транзициски лузни на децата, па и на нас возрасните, ама доста е поскапено се, од стока до услуга.
Своерачен потпис ;)

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #20 на: 12 Јануари 2026, 13:56:42 pm »
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2755
  • Шалабајзер
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #21 на: 12 Јануари 2026, 14:42:45 pm »
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.
Во Скопје или Штип зема станче?


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30897
    • CARclub.mk
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #22 на: 12 Јануари 2026, 14:45:29 pm »
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Јас само ќе кажам дека огромна грешка правиш што не си купуваш паркинг место. Ем ќе имаш твое место и ќе бидеш раат и колата на покриено, ем долгорочно станот повеќе ќе вреди токму поради паркинг местото. Ем, понатаму, ќе можеш и струјна инсталација да си поставиш за плаг-ин хибрид. :) Ако си во можност, купи си паркинг.

Еден куп луѓе во Скопјево така се заебаа со „не ми треба паркинг, имам околу“, па сега кружат по пола саат околу зграда после работа пробувајќи да најдат каде да ја остават колата.

Купи си паркинг-место, најсериозно.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3003
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #23 на: 12 Јануари 2026, 14:48:33 pm »
Баланар со лесно да оди работата до финализација.

Инаку не знам за која локација мислиш, ако е во Скопје (по цена на паркинг местото најверојатно е), топла препорака подземен паркинг да си земеш, вреди за сите пари. Мене ми е криво што на времето не земав 2.
Своерачен потпис ;)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #24 на: 12 Јануари 2026, 14:50:25 pm »
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Јас само ќе кажам дека огромна грешка правиш што не си купуваш паркинг место. Ем ќе имаш твое место и ќе бидеш раат и колата на покриено, ем долгорочно станот повеќе ќе вреди токму поради паркинг местото. Ем, понатаму, ќе можеш и струјна инсталација да си поставиш за плаг-ин хибрид. :) Ако си во можност, купи си паркинг.

Еден куп луѓе во Скопјево така се заебаа со „не ми треба паркинг, имам околу“, па сега кружат по пола саат околу зграда после работа пробувајќи да најдат каде да ја остават колата.

Купи си паркинг-место, најсериозно.

Само што ќе го пишев истото. Сега кај што живеам моментално има гаража станот ама исто ко да нема зошто е претесна и не ми е пристапна, и сега плаќам 4000 денари месечно за да изнајмам гаражно место во друга зграда за да имам кај да ја ставам М2ката зошто пред зграда нит сакам да ми стои нит па имам некаква гаранција дека ќе има место (најчесто нема, а имаме наш паркинг од зградата).

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #25 на: 12 Јануари 2026, 14:55:34 pm »
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3078
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #26 на: 12 Јануари 2026, 15:17:20 pm »
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Мене во претходниот стан ми седеше надвор колата и океј бев со тоа се додека не купив гаража со новиот стан. Немаш појма колку значи посебно во зима.

А тоа дека ќе го опремиш станот со 9000 евра малце тешко, скоро невозможно.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #27 на: 12 Јануари 2026, 15:22:33 pm »
Преговарај за цената за гаражата. 9000 евра во штип е нереална цена за гаража.  И гледај да ја стават на истиот договор при примопредавање инаку ке плаќаш данок. Така мене едната ми ја ставија со станот другите не и после ме ропна град скопје уште неколку илјади евра за данок на промет. На онаа пишана со станот немаше данок.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #28 на: 12 Јануари 2026, 15:25:29 pm »
Преговарај за цената за гаражата. 9000 евра во штип е нереална цена за гаража.  И гледај да ја стават на истиот договор при примопредавање инаку ке плаќаш данок. Така мене едната ми ја ставија со станот другите не и после ме ропна град скопје уште неколку илјади евра за данок на промет. На онаа пишана со станот немаше данок.

Мене ми беа 2те гаражни места на истиот договор и Град Скопје па ми ја оданочи втората, поголемата секако. :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2397
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #29 на: 12 Јануари 2026, 15:33:16 pm »
Вреди гаража посебно подземна ако е. Пробај да се исценкаш.
Иако сега можеби има место во иднина не знаеш шо комшии ќе имаш. Има луѓе со по две-три коли во фамилија, има и службени што ги користат и паркираат дома. Башка гости кога ќе доаѓаат. Па и маркет некој поголем ако има во близина....
Јас каде што купив стан немаше опција да купам паркинг место. 11 згради се во околината од кој само 3 имаат подземни гаражи и една паркинг со рампа. Сите другите кај ќе се снајдиме паркираме.
Кога живеев со моите кола вгаража стално чував. Иако можев пред дворот да ја паркирам.  Лето си влегваш ладно е палиш клима и си возиш нормално, не ти е печена колата.