Автор Тема: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила  (Прочитано 3502 пати)

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #75 на: 19 Октомври 2026, 12:31:09 pm »
Пред 2 години бев во април или мај. Претходно сум бил во јуни/јули пред 3-4 години. Иста состојба беше патот. Можда го средувале во меѓувреме.

Инаку нова барам, не ми се ебава со дефекти и губење време по мајстори.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #76 на: 19 Октомври 2026, 12:37:30 pm »
Асфалт е до Преслап, израмнет до викенд населба Мала река.

Лани беше најлош после снеговите и дождовите. Некои бразди беа длабоки по 70цм. Што и да имаш, ако заглави, џабе е.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 798
    • ibiz.mk
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #77 на: 19 Октомври 2026, 12:44:21 pm »
AllMightyMe ме претекна, горе летово имаше обични возила,
ке видиме после зимово како ке е, али не е така како што беше пред неколку години.

мислев да ти предложам Porsche Cayenne  8)

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #78 на: 19 Октомври 2026, 12:54:09 pm »
Гледав што прават луѓе со прва генерација Porsche Cayenne. Лудила.

Би сакал но немам услови, можеби некогаш

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1101
  • Best Motors Worldwide
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #79 на: 21 Октомври 2026, 01:24:17 am »
да ми каже некој што е финтава со „стадов“ не сум у тек со сленговиве....нешо од тик ток е?


„Игнисот исто му стадов Eibach федери лифт кит и го поткренаа за +20мм за тотал од 200мм. Ги стадов на 3та година (5г гаранција), не ми искоментираа ништо кога ја носев на редовен сервис.„

---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2657
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #80 на: 21 Октомври 2026, 02:40:48 am »
А зошто никој не спомна S- Cross?

Мене ми е поубав од витарата

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7301
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #81 на: 21 Октомври 2026, 10:52:00 am »
да ми каже некој што е финтава со „стадов“ не сум у тек со сленговиве....нешо од тик ток е?


„Игнисот исто му стадов Eibach федери лифт кит и го поткренаа за +20мм за тотал од 200мм. Ги стадов на 3та година (5г гаранција), не ми искоментираа ништо кога ја носев на редовен сервис.„
Опкружен сум со Битолчани и често сум го слушнал тој збор. Прилепчани велиме “бев таму”, тие велат “сум биден пред неколку години” (ако убаво сум ги заслушал). Многу чудни изрази…

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #82 на: 21 Октомври 2026, 11:01:57 am »
да ми каже некој што е финтава со „стадов“ не сум у тек со сленговиве....нешо од тик ток е?


„Игнисот исто му стадов Eibach федери лифт кит и го поткренаа за +20мм за тотал од 200мм. Ги стадов на 3та година (5г гаранција), не ми искоментираа ништо кога ја носев на редовен сервис.„



нееее... само обичен наш дијалект е :) во западните т.е. југозападните делови најчесто...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4496
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #83 на: 21 Октомври 2026, 11:18:15 am »
да ми каже некој што е финтава со „стадов“ не сум у тек со сленговиве....нешо од тик ток е?


„Игнисот исто му стадов Eibach федери лифт кит и го поткренаа за +20мм за тотал од 200мм. Ги стадов на 3та година (5г гаранција), не ми искоментираа ништо кога ја носев на редовен сервис.„
Опкружен сум со Битолчани и често сум го слушнал тој збор. Прилепчани велиме “бев таму”, тие велат “сум биден пред неколку години” (ако убаво сум ги заслушал). Многу чудни изрази…

Од Битола сум и првпат го слушам/читам зборов. Исто и тоа “сум биден пред неколку години” многу ретко го имам слушано.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7301
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #84 на: 21 Октомври 2026, 11:25:25 am »
да ми каже некој што е финтава со „стадов“ не сум у тек со сленговиве....нешо од тик ток е?


„Игнисот исто му стадов Eibach федери лифт кит и го поткренаа за +20мм за тотал од 200мм. Ги стадов на 3та година (5г гаранција), не ми искоментираа ништо кога ја носев на редовен сервис.„
Опкружен сум со Битолчани и често сум го слушнал тој збор. Прилепчани велиме “бев таму”, тие велат “сум биден пред неколку години” (ако убаво сум ги заслушал). Многу чудни изрази…

Од Битола сум и првпат го слушам/читам зборов. Исто и тоа “сум биден пред неколку години” многу ретко го имам слушано.
Сум го слушнал од луѓе од Црнобуки и Буковски Ливади (населбата кај Макпетрол), можеби во центар почисто се зборува. А во прилепските села се користи стадов за жал…

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #85 на: 21 Октомври 2026, 14:20:44 pm »
„имам бидено“ е терминот, јас го користам иако во речникот го нема.  :D

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7301
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #86 на: 21 Октомври 2026, 14:56:29 pm »
Дааа, баш тој е терминот, како за вас што е чудно “ваган” или “караванче”. Патем интересен народ сте  ;)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
  • French diamond
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #87 на: 21 Октомври 2026, 15:42:43 pm »
Поарно него нашите источњаци со Јас Беше, ти беше

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7301
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #88 на: 21 Октомври 2026, 15:46:41 pm »
Кој беше?  ;D

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Купена Витарата, поминати над 1000КМ. Презадоволен сум од перформанси на асфалт. Максимален торк добива прилично ниско, од некаде испод 2000 до 2500 рпм, да не речам како дизел да возиш  ;D. Не знам како успеале ама браво за јапанците како го тјунирале моторот. Мислам дека нема подобара зделка за механички 4x4 за 26000 евра во моментов.

Еве неколку слики од денешниот прв благ офроуд тест. Од патот за Галичник лево таму по МТБ патеките. Максимално сум изненаден од перформансите на Allgrip системот. Како из шале искачи 20 степени угорници во кал и лизгава трева на дождот денес. Во ауто мод, не морав ни мануелно да заклучувам 50/50 сплит на предни/задни тркала. Моментално на зимски Falken 215/60R17 100V XL EUROWINTER. До на пролет лифт кит и некои поблаги АТ гуми.