Автор Тема: Ford Kuga 2.0 TDCI  (Прочитано 876 пати)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Ford Kuga 2.0 TDCI
« на: 18 Август 2026, 14:00:18 pm »
На несакајќи ни улета возилово од близок член на фамилија па решивме да се "подновиме". Се работи за Ford Kuga произведен и купен 2012 година.Titanium Опрема е(повисоката е Titanium X) so 2.0 TDCI мотор со 140 HP и мануелен 6 степен менувач, иако ништо посебно на неа. Од тоа што би одвоил, Keyless палење, темпомат, електрика на сите 4 стакла, има 3 модови на сервото, Comfort, Sport и Normal, 2 зонски климатроник, кожни седишта. Купена е и одржувана во Ми-Да. Има поминато 258К км. Има 2 сета гуми и бандажи, летните се 235/55/17 Nexen NFera Sport SUV, зимските се 215/65/16 Michelin Aplin 6. Први впечаотци од тоа колку што сум ја возев, солидно возило, добро проаѓа по нерамнини, на автопат е прилично океј внатре на законски дозволените брзини и нешто ситно над нив :) Од надвор изгледа мнооогу поголема отколку што е внатре, задната клупа можеле малце поширока и пониска да ја направат меѓутоа тоа е тоа, и кој го има измислено моментот да се отвара хаубата со клуч дефинитивно треба да се прати на голи оток :)  Планови околу неа, да најдам Roof Rails бидејќи фабрички нема, и да отидам да се провери една шајбна на дизна дали пушта во моментов( нема никакви звуци) или талогот околу неа е од претходно, шајбните се заменети сите 4 во Ми-Да во 2022 година. Некоја Слика во прилог.



















Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30843
    • CARclub.mk
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #1 на: 18 Август 2026, 17:06:13 pm »
Колку што знам, оваа серија се погоди ептен добра. Плус докажан дизел!

Со здравје да ја возите!

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 935
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #2 на: 18 Август 2026, 18:14:30 pm »
Честитки, личи многу зачувана.
Со здравје да се вози

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #3 на: 18 Август 2026, 23:39:40 pm »
Со здравје да се вози, баш прееска ја видов убава делува во живо ( еден од ретките си што си ги чуваш дома возилата а не пред зграда)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #4 на: 19 Август 2026, 19:41:36 pm »
So zdravje da se vozi, ova e ponoviot motor treba da e poekonomicen, stariot bese 136ks.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #5 на: 19 Август 2026, 20:25:54 pm »
Со здравје да се вози "колега" ;)

Имаш на реклама5 растурени Куги (до пред некое време немаше ниту една), така да лесно ќе си најдеш делови.

Како ти се движи потрошувачката, претпоставувам се работи за 2WD?


Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #6 на: 20 Август 2026, 12:13:33 pm »
Колку што знам, оваа серија се погоди ептен добра. Плус докажан дизел!

Со здравје да ја возите!
Ти благодарам :) Па последна серија од овој модел, мислам  дека сите "бубачки" од претходниците се отстранети :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #7 на: 20 Август 2026, 12:14:14 pm »
Честитки, личи многу зачувана.
Со здравје да се вози
Ти Благодарам :) Генерално е супер сочувана, нормално има по некоја гребаница надвор ама стара кола е :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #8 на: 20 Август 2026, 12:16:30 pm »
Со здравје да се вози, баш прееска ја видов убава делува во живо ( еден од ретките си што си ги чуваш дома возилата а не пред зграда)
Ти Благодарам, Дефинитивно и не би ги ни оставал кога имам место дома, инаку верувај дека не е толку колку што сите мислат дека е таа гужва од куќите, еве од мојата улица конкретно мислам дека има 3 коли само што паркираат таму, другите по двор, што искрено мислам дека 3 коли на 6 згради и незз колку стана не дека прават толку гужва :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #9 на: 20 Август 2026, 12:17:55 pm »
So zdravje da se vozi, ova e ponoviot motor treba da e poekonomicen, stariot bese 136ks.
Да овој е EURO 5 моторот со 140HP, немам претстава колку троши постариот, ама не верувам да се некоја разлика голема :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #10 на: 20 Август 2026, 12:21:48 pm »
Со здравје да се вози "колега" ;)

Имаш на реклама5 растурени Куги (до пред некое време немаше ниту една), така да лесно ќе си најдеш делови.

Како ти се движи потрошувачката, претпоставувам се работи за 2WD?


Ти благодарам, едвај најдов Roof Rails во Струмица и на крај ликот ми ги прати без 1 пластиче од долниот дел и без штрафови, деновиве треба да ги монтирам. Имам и на браникот едно странично пластиче кое што до сега не успеав на ниеден отпад да го најдам :) Изгледа најбарано е :) Градска моментално околу 8 со цело време пуштена клима. 2WD е да, генерално нема ништо посебно опрема.

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 283
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #11 на: 18 Септември 2026, 01:47:06 am »
Прво подолго патување, Релација до Валона и назад. Бевме товарени до "трт" 4 возрасни и 5 годишно дете, плус кровен куфер. Возена генерално помеѓу 90 и 110 kmH, кратки испади докај 130-140 меѓутоа не ни сакав да ја стискам поради кровниот куфер. Возена со пуштена клима 90% од времето. Со оглед на товареноста, видот на возилото + кровниот куфер мислам дека искочи океј потрошувачка од 5,7л, поминати 970КМ. Генерално како и што напоменав си е океј на автопат, тивко си е во кабина, меѓутоа на лош асфалт има мала бука од гумите. Во прилог некоја слика  :)








Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Ford Kuga 2.0 TDCI
« Одговори #12 на: 18 Септември 2026, 07:52:48 am »
Чат пат ќе ми помине некоја кола низ глава, односно ќе видам некоја кола на оглас па ми станува интересна опција. Пред некој ден во Олимпија оутлет имаше Куга 2,0 тдци со 150 кс произведена 2019 година мислам. Не знам дали е иста серија или има нешто ново кај оваа серија (освен моторот поновата генерација со 150 кс).
Своерачен потпис ;)