На несакајќи ни улета возилово од близок член на фамилија па решивме да се "подновиме". Се работи за Ford Kuga произведен и купен 2012 година.Titanium Опрема е(повисоката е Titanium X) so 2.0 TDCI мотор со 140 HP и мануелен 6 степен менувач, иако ништо посебно на неа. Од тоа што би одвоил, Keyless палење, темпомат, електрика на сите 4 стакла, има 3 модови на сервото, Comfort, Sport и Normal, 2 зонски климатроник, кожни седишта. Купена е и одржувана во Ми-Да. Има поминато 258К км. Има 2 сета гуми и бандажи, летните се 235/55/17 Nexen NFera Sport SUV, зимските се 215/65/16 Michelin Aplin 6. Први впечаотци од тоа колку што сум ја возев, солидно возило, добро проаѓа по нерамнини, на автопат е прилично океј внатре на законски дозволените брзини и нешто ситно над нив

Од надвор изгледа мнооогу поголема отколку што е внатре, задната клупа можеле малце поширока и пониска да ја направат меѓутоа тоа е тоа, и кој го има измислено моментот да се отвара хаубата со клуч дефинитивно треба да се прати на голи оток

Планови околу неа, да најдам Roof Rails бидејќи фабрички нема, и да отидам да се провери една шајбна на дизна дали пушта во моментов( нема никакви звуци) или талогот околу неа е од претходно, шајбните се заменети сите 4 во Ми-Да во 2022 година. Некоја Слика во прилог.







