Минатава недела си купив/заменив волан.

Желбата сите контактни точки меѓу мене и колата да ми се по мерак, чисти, уредни и угледни правеше да ми смета излитената кожа кај спојките/шевовите, што и реално по 14 години триење од раце си го одработила своето (се гледа при зумирање на оваа слика):

За многу луѓе ова е минорно и тотално небитно ама јас не сум еден од многуте, и сакав да најдам решение.
Почнав барајќи половни волани, и имаше неколку океј опции во Србија, но беа или скапи, или далеку од било кои логистички капацитети што ги имам

Низ нив, ми улета оглас од профилов:
https://www.instagram.com/goxy_performancedesign?xtok=MWVycWMwbmt2OHpmbA==Имаше готов, спремен волан, само со перфорирана кожа, и требаше да му го однесам мојот, и да му доплатам 100 евра, што судејќи според квалитетот на работата по слики, ми делуваше како одлична зделка.
Се сретнавме околу Белград, разменивме волани и пари, го разгледав на лице место, и увидов дека воланот е одлично сработен, така да од мене имате препорака за ликов, генерално тие му се цените, ± 20-30 евра.
Мојот волан е шиен по т.н. Масерати плетка, т.е. густа плетка:

Сеа ми останува да се смислам што ќе правам со пластиката од воланот. Имам дома dark brushed aluminium фолија, и чекам да ми стигне од Тему некоја 9D gloss carbon фолија што треба да е иста како вистинскиот карбон. Имам и мат црна фолија која секако не ми бега ако не ми се свиѓаат другите опции.