Убаво изгледа аутово надворешно, според димензиите треба да е доста комотно внатре.
Внатре по некои елементи потсеќа на тесла, со тоа сивите нијанси и рамни линии, тоа не ми се допаѓа, ама па има дисплеј и пред возачот.
Е сега за двата мотори што ги има, има ли смисла тоа? Да имаш бензински мотор кој загадува, за да полни батерии и да возиш на струја. Има придобивки дека ќе поминеш повеќе км, ама дали ти треба реално да поминеш 1200 км со еден резервоар гориво?
Конкретно за Германија ги давам овие негативности:
1. Плаќаш данок за возилото пошто загадува. Електричните не загадуваат па не плаќаш ништо. Набрзинка што најдов на нет помеѓу 160 и 220 еур годишно
2. Не добиваш годишна премија дека не загадуваш. Го продаваш твојот сертификат дека не ти загадува колата, добиваш од 100-350 еур годишно, зависно на кого ќе го продадеш.
Е сега, ако реално потрошувачката му е 3 литри бензин за да ја наполни батеријата да извози 100 км, можеби е интересно за поефтино возење, пошто ваква лимузина тешко дека испод 6-7 литри ќе троши ако едриш со нејзе на автопат.