Колата е предобро смислена, цело време вози на струја и го имаш вртежниот момент од 0 постојано, сила има премногу, внатре е склопена одлично. Искрено јас сум изненаден колку можат да понудат кинезиве за 31.000 еур. Уште безгрижно си седнуваш и тераш на море без да ти е гајле кај ќе пуниш... предобро смислено. Моторот цело време додека ја возевме не се ни вклучи, си тераше на батерија.
Радиус на вртење е импресивен, воланот е директен и за разлика од некои кинески СУВ модели реакцијата е моментална и брза.
Реално недостаток е единствено нешто помалиот гепек и местото за стапала под предните седиште за тие што седат позади. Иначе кабината си е пространа и напред и позади. Исто е доста ниска, што може да биде проблем при влез во подземна гаража.
Мое мислење е дека не постои во моментов подобар пакет од овој за 31.000 еур.


