Автор Тема: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025  (Прочитано 22548 пати)

Отсутен Sase_91

  • P R N D S
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4296
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #135 на: денес во 13:38:51 »
@marjanot ако имаш опција посети го овластениот салон на Лексус во Солун, но ќе им напоменеш дека се работи за Тојота зошто посебен оддел им е тој за Тојота. Со нашиве се видело…

Одличен Совет 😂😂😂😂😂😂
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 986
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #136 на: денес во 13:57:50 »
и кај претходните коли така беше, без многу филозофии
ама еве овие ги урочиле дека не одат на сервис, па си наоѓаат занимација

TPMS сензорите не се вчитуваат автоматски по некое време? Нема начин да се регистрираат двата сета истовремено?

би требало автоматски, така финкционира светот
можеби во Тојота треба сега и од зимскиве да ги внесат кодовите, ама лани немав проблем со зимските

лани кога сменив летни > зимски немаше проблем
зимски > летни се појави проблемот - па во сервис ги вчитуваа сензорите
сега летни > зимски пак се јави проблем

инаку има да сетираш притисок и да препознае кое тркало каде е
и тоа го направив пред да тргнам

возев некои 8-9км или 20-тина минути и стоеше на Setting Pressure и после пиша дека треба кај дилерот да одам

@marjanot ако имаш опција посети го овластениот салон на Лексус во Солун, но ќе им напоменеш дека се работи за Тојота зошто посебен оддел им е тој за Тојота. Со нашиве се видело…

ако ме води пат за Солун ќе одам да поуживам, не на сервис :)



Гледам менуваш бандажи за зимски, дали на тие бандажи ти ги монтираат истите сезнори или имаш два пара сензори за двата пара бандажи?
Тојота/Лексус сензорите ги ставаат на самиот вентил исто ќе имаш проблем и кога ќе почнат да откажуваат.
Јас го немав проблемот како кај тебе ама имав проблем со истечена батерија и мораше да се менуваат еден по еден кој како откажуваше.
Оди во Турбомакс кај Цеповци ќе ти ги ископираат фабричките кодови на вториот сет сензори и нема да имаш мака никогаш. :)