Сите гејенри се природни, и веј исто. Од млеко се прават. А ако си алергичен на млеко има и од јајце или од друго нешто само се поскапи. Поентата на гејенр е иста со чоколадо на пример или со баклава. Мавни 3 баклави и ете ти гејнер. Или тањир шпагети со сос.
Нема да се издишеш. Тоа дишење се случува кај извесни хемиски сусптанци кои се вештачки хормони (КОИ НЕМААТ ВЕЗЕ НИ СО ГЕЈНЕР НИ СО БУТУР НИ СО ВЕЈ) туку се апчиња. Додаваат вишок хормони во телото и природната продукција се намалува, а кога ќе прекинеш наеднаш има недостаток и се губат килограмите (се дишеш). Тоа не ти е битно. Затоа што гејнер и веј е храна. Тоа е обична храна, само мелена и сушена. Како млеко во прав. Ако треба ќе дообјаснам детално.
Поентата ми е да не се меша гејнер/веј/амино/креатин со анаболици орални или инјектабилни. А многу чест случај е оваа „забуна“ кај просечниот човек. „Тие хормоните ги пиеше и се надува толкав стана“. А „тие хормоните“ да ти биле гејнер купен од продавница...
Јас секогаш би одел на бутање храна и веј, наместо гејнер. Мене така ми е логично. Знам дека има луѓе на кои не им е. Не јадат едноставно. Јас што и да ставиш пред мене ќе сомелам за 10 минути, па и од масата може да гризнам. Ама се трудам да не го правам тоа од дебели причини.
Пробај, нема што да загубиш освен некое евро.