Сите диети се базираат на еден оснвен принцип, ако сакаш да ослабиш треба да внесиш помалце калории него што си потрошил. Од тоа правило нема бегање. Разликата во диетите е само како ќе го постигнеш тој ефект.
Од досегашната диета сум многу задоволен. Покрај добрите резултати, исто така се осеќам генерално добро и поенергетичен. Тоа е веројатно последица на самото вежбање но сигурно и на невнесување на разни маснотии и глупости кои што ги јадев секој ден.
Нормално покрај храната, внесувам и други суплементи ( различни витамини, магнезиум и слично ) за да надокнадам ако не внесувам некои од тие состојки.
Според мене кога човек бира диета, покрај нормално да се потруди да е што поздрава, треба и да биде во можност да ја следи што е можно повеќе. Ако се избере диета која што не можеш да ја почитуваш секој ( или барем речиси ) секој ден, тогаш таа диета нема да има ефект, бидејќи најчесто не е диетата проблем, туку како луѓето ја извршуваат.
Оваа диета ми е воглавно многу лесна за одржавање. Храната која ја јадам е вкусна и ми пружа задоволство, единствено што ете поради скокањето на појадокот некогаш се чуствувам гладен еден до два часа пред ручек. Но ако некогаш сте правеле ваква диета, знаете дека телото е добро во навикнување на најразлични услови, па и ова не ми е проблем. И онака од секогаш сум доручувал касно, поточно никогаш не сум јадел во првите час два по станување.
Што се однесува до моето оригинално прашање околу енергија при вежбање, некако сум на ум да не почнувам со такви "хемија" суплементи, барем не засега. Идејата ми е кога ќе ја постигнам посакуваната тежина ќе бидам во можност да внесувам повеќе јаглехидрати, при што очекувам дека ќе имам повеќе сила/кондиција па ќе може да продолжам со нова "фаза" на растење на мускул.