Дечки ми треба совет од поискусните за некој суплемент или храна/пијалок да ми даде малце сила при вежбање.
Моментално сум на "протеинска" диета и избегнувам јаглехидрати. Во главно се хранам со месо, јајца, риба и слично.
Распоредот ми е следен.
Станувам околу 9:30 бидејќи од 10 до 18 сум на работа.
Веднаш пијам 25гр протеин и не доручувам.
Околу 16 сатот јадам ручек составен од месо или риба. Си дозволувам да јадам и ориз/компир со ручекот иако избегнувам јаглехидрати.
Накај 19 одам до теретана, а кога ќе се вратам пијам протеински шејк ( 25гр ).
Малце подоцна и вечерам нешто ( најчесто јајца ).
Не бројам до точки калории, но вклучувајќи го и вежбањето мислам дека има добра разлика помеѓу калориите внесени и потрошени.
До сега таа диета добро ме држи ( 10 кила минус во 2 месеци каде ја правам диетата и одам на вежбање. ) а имам и добар напредок во однос на мускул. Но се осеќа дека ми фали енергија некаде на половина од вежбањето.
Дали би можеле да ми препорачате нешто што ќе допринесе за енергија при вежбањето, но да не ја нагрози драстично диетата? Имам уште +- 5кг што сакам да ги изгубам ( имам моментално 85кг ).