Јас го купив мојот во Ноември, за да после 1 месец увидам дека нема типтроник опција за мануелно менување на брзини, која притоа ја имаше на тест возилото кое го возев (имам слики за доказ).
Тест возилото тотално небитно...
При купување на возилото се потпишува договор и во него се наведени условите за исполнување/неисполнување...
Конкретно кај мене во Шкода, имаше цела листа на сериска опрема (во зависност од пакетот) и листа од дополнителна опрема (10тина ставки...). Кога ја подигнував колата, со листот од дополнителна опрема пред мене проверуваа дали е испорачано и како се гледа дали има или нема....
Прашањето е дали мануелното менување на брзини кај тебе било во сериска опрема во избраниот пакет, за што си потпишал договор и го има во него... ако да, а го тргнале, морало да те известат....