Обрнувајте внимание што тестирате, и ова едно брошури со ценовници во хартиена форма бидејки се онлајн се се менува преку ноќ.
Има на форумов и тема за тоа како е ставен Цитроен Ц4 со мотор 1.6 како тест возило, а во продажба само 1.4.
Мене ми се случи да тестирам Клио 75 и Каптур 90, Клиото возеше многу слично на Каптурот, па и подобро. Ми текна на случајот со Цитроенот и побарав сообраќајна од Клиото. Ме нападнаа како тоа не сум имал доверба во нив...и одбија да ми покажат сообраќајна.
Пред скоро време тестирав Киа Сид која требаше да биде 1.5 , но според звукот на моторот, според моќта, и главно според потрошувачката укажуваше на 1.0. Бидејки мотивот ми беше да си доловам на некој начин вожња во i30 која во Гранд Моторс ја немаат како тест возило не се заинтересирав премногу да отворам хауба да се уверам во мојата претпоставка.