Како и сите општо познати актуелни теми од типот, Каде на одмор, каде за велигден, каде за задушница, не е лошо да имаме и една ваква тема, односно Каде за нова година...
На времето, далечните 90-ти години беше актуелно рентање на станови, изнајмување на опрема, звучки, појачала и тако то, па се правеа журки со 30 до 50 луѓе

Се поминуваше лудо и незаборавно...
После тоа некако тие журки полека згаснуваа, а ден денес не знам дали се уште тоа функционира на тој начин.
Гледам децава се собираат кај некого по дома, обично кај оние кои имаат поголеми куќи и повеќе пари од останатите, а журки од типот на изрентан стан или викендичка на Маврово и Шапка се помалку...
Потоа актуелни станаа рестораните и кафаните, но и тие за кратко некако излегоа од мода...
Не велам дека ова се уште не е актуелно, но славењето на нова година за мене не претставува свадба, и затоа не сакам да славам по такви места...Кафичите исто така беа некое време актуелни...Се и ден денес, не е лошо, но сепак, затворен простор, некакко ограничува...Дали е до годините или не е, незнам, ајде да чујам некој мислења...
Прет прет ходните НГ ги бев славел на некој од наведените начини

Последните неколку години имам среќа да славам нови години малку поразлично, односно претпрошлата НГ бев на плоштад во Белград, и дотогаш си немав толку рилекс и убаво поминато...
Одлична музика,, одлична организација, добра атмосвера, за потоа да се префрлиме кај пријатели во домашна атмосвера и да продолжиме со славењето...Заради раѓањето на малиот, минатата нова година ја поминавме во домашна атмосвера, а за годинава се уште немаме некоја конкретна идеја...

Се уште е малото мало да го оставам само, а мало е да го носам на пример на некој плоштат во некоја европска метропола, од типот Париз, Рим, Берлин, Цирих, итн итн...
Гледајќи наназад, сите најдобри журки се случуваат баш на плоштадите на големите градови, па некако ми звучи примамливо, а?
