Автор Тема: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор  (Прочитано 92381 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Бузуки, ќе си купиш нов МАФ сензор.
Ако го чистиш со ВД40, контактен спреј, со карбуратор спреј, со таков за чистење кочници, ќе си купиш нов маф сензор на крајот. Маф сензор се чисти со маф сензор спреј и со ништо друго. И прво него го зачисти, а после клапната. Причината е што самиот сензор е преосетлив на секакви влијанија и сите други непогодни спрејови оставаат флеки кога ќе се исушат. А нели поентата е да нема флеки и ѓубре врз самата површина на сензорчето. Кај тебе мислам дека е Hot film тип. И после чистење минимум саат време сушење. Иначе ништо нема да направиш.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Фала ти луки.. Баш така и направив, земав чистач за маф сензори и чистач за карбуратори.. Поминав 2 3 раце светнав све.. Малку се помачи да запали од тоа средството али океј беше.. Синоќа го пробав и се зачудив колку разлика има кон позитивно.. Подобро работи во лер, побрзо ја враќа туражата, подобро прима, поготово кога е оптеретен моторот (5та на 2000 обртаи и гас до даска)..
Тоа за маф беше 230 денари од макпетрол, а за карбуратори земав од к2 320 ден..

Отсутен kokimk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
zdravo drustvo prasanje do vas imam volkswagen 1.6 mk3 96 2 klapni imam smeneto i gi cistam i isti problem se javuva gasta varira sama odzema sama dodava gas mi kaza anuliraja na tester go storiv toa pa isto i staiv regulator za gasta ja steluvav pak isti problem nekad i glavi gasta na 2000 i ne se siminja u normala a baska ima i potrosnja ?

Отсутен bojta

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #348 на: 25 Октомври 2018, 22:38:12 pm »
оди во сервис, порше или кадис, може и колевски има може и митревски. Ја вадат ја чистат ја враќа назад и ја калибрира тоа е тоа

како го прави гасењето? дали при вадење од брзина кога се враќа стрелката од обртомерот надолу на нормалната позиција паѓа под неа и се врака назад и во тие моменти знае да угаси?


Марче здраво, имам Laguna 1 1.6 mpi, ми гаси баш како што си опишал погоре, повеќе се осеќа на плин, и ми "сецка" кога одзимам гас. Го исчистив вентилот за лер гас, пак исто / слично. Планирам да го чистам тротал бодито и лептирот викендов. Да не имаш сугестија?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #349 на: 25 Октомври 2018, 23:02:09 pm »
оди во сервис, порше или кадис, може и колевски има може и митревски. Ја вадат ја чистат ја враќа назад и ја калибрира тоа е тоа

како го прави гасењето? дали при вадење од брзина кога се враќа стрелката од обртомерот надолу на нормалната позиција паѓа под неа и се врака назад и во тие моменти знае да угаси?


Марче здраво, имам Laguna 1 1.6 mpi, ми гаси баш како што си опишал погоре, повеќе се осеќа на плин, и ми "сецка" кога одзимам гас. Го исчистив вентилот за лер гас, пак исто / слично. Планирам да го чистам тротал бодито и лептирот викендов. Да не имаш сугестија?

Чисти ги, и после откачи ја клемата на акумулаторот 5-10 минути, компјутерот од почеток да почне да ги чита параметрите кои ги праќаат сензорите.

Ако не се промени ситуацијата, ќе треба да си ги прегледаш другите сензори за исправност: MAP/MAF сензор, сензор за температура на разладна течност и LAMBDA/О2 сензорот, како и да провериш дали цревата за вакуум во моторниот простор не се скинати.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
нема друга прикладна тема, па ќе пишам тука... не сум знаел, дури неодамно дознав дека на мојата 23години стара фиеста има канистер и вентил за бензински пареи, како на сите понови коли.. е сега имав последно време позначителни испарувања ( смрдеа на бензин во колата, па го поврзуваат со тоа... исто така, последно време имам и полоша работа на моторот, гасење во лер но и послабо влечење, нова работа...  ми спопмна и мајсторот дека тој канистер ( веројатно има и некој вентил на него), знае да праи проблеми...
Прашањето ми е дали некој има сознанија, како се утврдува исправноста на канистерот , се поправа или се заменува ???

 https://mega.nz/#!44EFQKJZ!kC7zlobpO_5RIY5i4-3BNLvkG5CU-DmrQQ-TdWCDTf8

https://mega.nz/#!opM3jSrI!tbmoM7YJeQfKMvzzMNN3uw67QPQtXWWQkt_RRs0-FPA
https://mega.nz/#!08NRXaYB!aqVCjCdWwRBtzy6W33IS1SHWslLQ6AQS44wzvli7Qb8

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Чисто ме интересира на корса ц маф-сензорот прави така-така-така и тоа баш на приклучокот за напојување (струја). Претпоставувам тоа значи дека мора под итно да го сменам со нов, нели? Инаку немам никакви проблеми при вожња или додека колава работи во место.

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 580
Одг: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #352 на: 29 Август 2019, 14:47:47 pm »
Голф 5 2.0 тди после 2 500 обртаи, најчесто во втора и трета брзина не влече како што треба, се осеќа дека  има сила но нејќе да повлече ко шо треба, коа ќе ја стиснам гаста се осеќа ко минимално сецкање како да го гуши нешто.
Што мислите можно е да е до тротл бодито?
Претходно обртаите идеа до 1100 у лер ама се смени акумулаторот и си се среди.

Отсутен MnM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #353 на: 12 Септември 2019, 15:42:38 pm »
А за лаици има ли мајстор низ Скопјево што ќе го направи тоа, симптомите на вектрата моја се горе-долу истите,
Check Engine, инстантно гасење во лер/место, гуши /трокира на мали РПМ, Exhaust misfire.. етц етц..
П.С и со “Стариот“ и со “Половниот“ мотор иста ситуација..
П.П.С: Некој од вас Професори, Доктори на Наука да ми посочи каде да ја оставам колата да ја средат “цакум-пакум“
« Последно менување: 12 Септември 2019, 17:13:22 pm MnM »

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #354 на: 15 Септември 2019, 11:07:14 am »
на времето, пред 7-8 години, синот беше службено една недела во УК, се обидував некако да купам половно репарирано Тхротле боди, имаше понуди на ебау, ама проблемот беше што примаа само онлајн уплата, а и транспортот пак беше проблем бидејќи синот беше таму кратко време..
Е сега има ли на овие простори на Балканот некаде да се врши репарација на тхротле боди, со сите потребни заптивни елементи ???
А патем, и на најстарите коли имаше проблеми, знам еден чоек од МЗТ што ги репарираше пиксните на осовинчето на клапаната  на карбураторот на Рено 4, од таму се влечел фалш воздух...
од друга страна на поновите возила, со електрична клапна, како да немаат таков проблем, но имаат проблем со штелување на електричната клапна ?, посебно ако се на плин ?

Отсутен SamuraiMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #355 на: 31 Октомври 2019, 18:04:37 pm »
Здраво, и јас имам сличен проблем во врска со темата. Имам Корса Ц 2006та 1.4 твинспорт бензин/плин. Колата почна во лето да се гуши и спушта обртаи под нормално работење после подолго возење. И од 2000 до 2500 обртаи почнува да сецка и се осеќа како да кажам "мутаво возење" ни забрзува ни успорува. Го носев 2 пати на мајстор електричан. Прв пат ја чистеше клапната ама пак го правеше истото, додека сецка и тресе кога е во место светлината на шал таблата трепка. Втор пат пак ја носам кај истиот мајстор и му објаснив се убаво и му спомнав за регулатор на гас, кога ја земав ми кажа дека степ компјутерот ми е исчистен. И ок е колата не тресе повеќе убаво се движи се додека не отидов денеска до Скопје и назад пак Куманово, автомобилот почна пак исто да прави.. ке ви прикачам видео па вие дајте ми мислење бидејќи страшно ме нервира како работи...



Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Како да ја исчистам клапната на меривата? Гледам бајаги е запрљана. Клапната е електронска па дали и како да ја чистам со спреј за таа намена или да ја однесам на мајстор да ја растури па да ја чисти? Сите совети се добродојдени.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Здраво, и јас имам сличен проблем во врска со темата. Имам Корса Ц 2006та 1.4 твинспорт бензин/плин. Колата почна во лето да се гуши и спушта обртаи под нормално работење после подолго возење. И од 2000 до 2500 обртаи почнува да сецка и се осеќа како да кажам "мутаво возење" ни забрзува ни успорува. Го носев 2 пати на мајстор електричан. Прв пат ја чистеше клапната ама пак го правеше истото, додека сецка и тресе кога е во место светлината на шал таблата трепка. Втор пат пак ја носам кај истиот мајстор и му објаснив се убаво и му спомнав за регулатор на гас, кога ја земав ми кажа дека степ компјутерот ми е исчистен. И ок е колата не тресе повеќе убаво се движи се додека не отидов денеска до Скопје и назад пак Куманово, автомобилот почна пак исто да прави.. ке ви прикачам видео па вие дајте ми мислење бидејќи страшно ме нервира како работи...



На почетокот од видеото, изгледа како да има проблем со палењето и детонација надвор во издувот. Кога ќе префрлиш на плин се менува тоа, како да почнува ретардација на палењето. Дали си проверил сензор на брегастата осовина? На дијагностика дали јавува cylinder misfire?

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
« Одговори #358 на: 29 Јуни 2020, 09:38:21 am »
Имам проблем со лер гас на Спарк. Кога е колата во лер, моторот има осцилации помеѓу 800 и 1000 обртаи, многу ретко знае да западнат вртежите скоро пред гаснење. Пулсира и осветлувањето во колата во тие моменти, не секогаш. Бучи лагер на алтернаторот ама не ќе да е до тоа. Исчистена е клапната, степ моторчето, сменети свеќички, филтер за гориво, филтер за воздух. Проблемот е сеуште присутен.
Во возење нема никаков проблем. Мајсторот нагаѓа дека е степ моторчето тоа што прави проблем. Јас мислам дека е можно да е и до ЕГР вентилот.
Некој совет за проблемот или препорака за мајстор за Спаркчиња и Матизи што би дал конкретна дијагностика?

@Tischläufer
« Последно менување: 29 Јуни 2020, 13:02:27 pm Ducky »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Не ќе да има ЕГР спаркот или се лажам?