@Bugar, чистење на лептир/клапна за гас, нема врска со ТПС, ова ти е чисто да се тргнат масните наслаги, кои од оладените уљни испарувања се нафаќаат на телото на клапната, и го попречуваат правилното дозирање на лер-гас-от, и често помага кај некои типови/изведби на клапната. Јас со пунтото 75-ка, немав никакви проблеми со замастување, поради изведбата, на стилото што се вика после 30-40.000км веќе беше добро замастен, и од тогаш, на секои 10-тина иљадарки, превентивно и мирна гас (глава)

Мојата 166-ка не покажала знаци за немирен лергас, но сепак, еднаш годишно ќе добие третман

Ако има дриги проблеми, како што се оштетени писти, тогаш чистење на тротл боди, нема ич да помогне, ама вреди да се проба, пошто е ефтин зафат, па барем ќе ти стане јасно дека е нешто друго во прашање....