Сабајлево палам Корсичето кога машинана рикна 3000 врт/мин па падна на 1500, па пак на 3000 и така 3 пати па продолжи да работи на 1200 што е нормално на поладно време, и така си тргам јас и да префрлам од 1 во 2 стискам квачило стрелчено за обртаи си иде нагоре едно 1-2 секунди и потоа обртаите опаѓаат, ај викам сонлив да не сум помешал нешто со педалите, од 2 во 3 исто, 3 во 4 пак 200-300 обртаи погоре па после опаѓаат. Застанувам колата загреана во лер 1000-1200 врт/мин. Така сабајлечки ненаспан ми дојде секое сензорче и кабелче и све што е електронско да искорнам.
Сега дали да прскам со спрејови и чуда по усисот и да си мерам отпори и волтажа на сензорите и да си денгубам или да си ја однесам на сервис па да видиме што е работата?
Ах златен 101, 5-6 години му немав сменето ни уље, ни свекица, ни филтер... па си работеше како саат, а сега со ова сензориве и магла да има ќе светне некоја сијаличка или нешто ке се поремети...