Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 179540 пати)

Отсутен nikoloskim23

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1890 на: 31 Август 2026, 13:12:54 pm »
Јас пред две недели одев до Охрид и кај Групчин уште во 06ч сабајле возев 120 ја гледам камерата од подалеку и си викам ај бе ваљда 120 е тука па ме измерила со 115-толеранција 103 :D

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1891 на: 01 Септември 2026, 00:08:38 am »
Јас пред две недели одев до Охрид и кај Групчин уште во 06ч сабајле возев 120 ја гледам камерата од подалеку и си викам ај бе ваљда 120 е тука па ме измерила со 115-толеранција 103 :D

Mene taa na tempomat 120 me meri 112, sto e vo dozvoleno precekoruvanje.

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1892 на: 03 Септември 2026, 08:54:22 am »
Дали има инфо каде се тие раскрсници на кои е поставена дополнителна опрема за ловење на мотори?

Sent from my SM-S942B using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30886
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1893 на: 03 Септември 2026, 09:02:46 am »
Вака од ѓутуре, би рекол на сите раскрсници на кои има камери кои ловат проаѓање на црвено.

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1894 на: 03 Септември 2026, 09:24:13 am »
Вака од ѓутуре, би рекол на сите раскрсници на кои има камери кои ловат проаѓање на црвено.
Не би требало камерите за црвено и за брзо возење нели се различни?

Sent from my SM-S942B using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30886
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1895 на: 03 Септември 2026, 09:30:44 am »
Камерата е камера, тука е да обезбеди доказ. Оние плавите кутии (радари, во суштина) мерат брзина.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1896 на: 14 Октомври 2026, 16:51:01 pm »
Ајде честито нека ни е.
Почнаа и забрани преку смс да стизаат, немора да чекаат да ја обновиш возачката

Отсутен DarkDeFnx

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1897 на: 14 Октомври 2026, 20:58:37 pm »
Ајде честито нека ни е.
Почнаа и забрани преку смс да стизаат, немора да чекаат да ја обновиш возачката

Да, најавено беше тоа:

Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на важност.
Наместо тоа, воспоставен е дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail).
Процес на известување и почеток на забраната
Прва порака – известување
Граѓаните ќе ја добијат првата порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт податоци. Оваа порака содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана.
Втора порака – почеток на санкцијата
Осум дена по примањето на првата порака, на граѓаните ќе им биде доставена втора порака. Забраната за управување со моторно возило официјално започнува да тече од моментот на приемот на втората порака.
Министерството во следната фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците.

https://mvr.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/soopstenie-060-3-2026

———————

Едно прашање ако имаш такво искуство, колку време после пресудата стигнаа пораките за забрана?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7466
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1898 на: 15 Октомври 2026, 07:26:32 am »
Ајде честито нека ни е.
Почнаа и забрани преку смс да стизаат, немора да чекаат да ја обновиш возачката
Беља работа, уште малце ќе ти стигне порака да дуваш у телефон, не мора ни да те стопира више....

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 170
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1899 на: 15 Октомври 2026, 09:30:26 am »
Сите добија опција за работа од дома, заслужува и полицијата.

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22433
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1900 на: 15 Октомври 2026, 10:56:53 am »
https://skopjeinfo.mk/toshkovski-bezbeden-grad-od-vchera-gi-detektira-i-kaznuva-motociklite-za-brzo-vozenje

Системот „Безбеден град“ од вчера автоматски ги детектира и мотоциклите кои ја надминуваат дозволената брзина, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.




Ништо не детектира освен поминување на црвено.
Раја је почела да се жари и пали против моторџиите, па мора да се изјави нешто.



Присутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
    • MVP Ring
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1901 на: 15 Октомври 2026, 15:30:57 pm »
Во Охрид е веќе два дена маводни е пуштен сејф сити, но никаде нема знаци дека се мери брзина. А сум заприметил дека на автопатите и во Скопје постојат тие знаци.

Поминав со 70 пред камера со плав радар на место каде што е дозволено 50. Намерно, за да видам дали ке стигне казна или предупредување на меил, но не стигна ништо.

Може да мерат брзина без поставен знак? Дали е тоа легално?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30886
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1902 на: 15 Октомври 2026, 15:38:18 pm »
И во Скопје првите месец-два немаше знаци. А и генерално, знаците се комплетно бескорисни. Треба на нив барем да има колку е ограничувањето.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 338
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1903 на: 15 Октомври 2026, 18:12:55 pm »
Доколку не постои правоаголен знак "контрола на брзина" неколку метри пред камерата тогаш таа камера најверојатно не е радар. Можно е да си поминал пред плава камера без коцка која што заклучивме дека не е радар..

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7104
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1904 на: 15 Октомври 2026, 18:34:48 pm »
Овие две камери каде ограничувањето е 50 се камери за брзина:
https://map.atudo.com/v5/SCDB/232218/