Ајде честито нека ни е.
Почнаа и забрани преку смс да стизаат, немора да чекаат да ја обновиш возачката
Да, најавено беше тоа:
Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на важност.
Наместо тоа, воспоставен е дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail).
Процес на известување и почеток на забраната
Прва порака – известување
Граѓаните ќе ја добијат првата порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт податоци. Оваа порака содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана.
Втора порака – почеток на санкцијата
Осум дена по примањето на првата порака, на граѓаните ќе им биде доставена втора порака. Забраната за управување со моторно возило официјално започнува да тече од моментот на приемот на втората порака.
Министерството во следната фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците.
https://mvr.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/soopstenie-060-3-2026———————
Едно прашање ако имаш такво искуство, колку време после пресудата стигнаа пораките за забрана?