Само очигледно немаме капацитет да направиме систем кој ќе функционира без да прави дополнителни нервози. Срамота е во 21-ви век да немаме онлајн плаќање. Направил прекршок? Дај му ја казната и дај му рок од 10 дена да ја плати онлајн. Ако не ја плати, ќе ја плати на следно влегување во Македонија. Процедура од 30 секунди при проверка на пасош.
И што е разликата тука? Па наместо на излез, ќе имаш гужви на влез, точно ќе провери за 30 секунди и ако има казна, ќе треба да заглави пак цела колона за да ја плати. Само тогаш веројатно нема да признава, кај ќе му текнува лани што направил, па кај сме му пратиле итн итн.
Си видел како прават во Бугарија? Не мора топла вода да се измислува, истиот систем на Бугарите ќе се имплементира и завршен е проблемот.
П.с. На сите што им е смешно ова што заглавиле, ќе се видиме следна сезона кога ќе заглават на излез пак - ама накај Грција, па заедно со нив и сите ние ќе скапуваме по граници.
Искрено, немам појма како е во Бугарија. Не сум бил во Бугарија можеби 15 години. Ако не и повеќе.
И океј, не викам дека моето решение е идеално. Далеку од тоа, сигурно има и подобри, кои ги измислиле луѓе попаметни од мене. Ама во секој случај, ова што се случува сега е срамота.
И on top of целото тоа, направија апликација за онлајн плаќање за странци. А за нас?
Разликата е во Србија (барем до Белград) сите камери им се на 130 км/ч колку што е ограничувањето на автопат. Кај нас мислам дека 50-60% се на ограничувања од 100км (можеби дури и 80км?) што е дефинитивно проблем и gotcha момент.
На пример во Србија немав никаков проблем до Белград, палиш темпомат и си возиш.
Кај нас, првата казна ја добив накај Тетово, нашле прав дел од автопат, ставиле 100км/ч и камера - казна за возење со 119км/ч на автопат.
Стратешки им се поставени камерите, каде што има ограничувања кои се неочекувани на автопат.

И се научив, а видам ограничување под 120, си успорувам, и за 100-200 метри оп - камера!
