
Читам по портали незадоволства од соседите, чекале во редица за да ја платат казната, па било лошп, па преку Бугарија ќе оделе на одмор во Грција...
Лош потег од Македонија, негативно ќе се одрази, ќе не избегнуваат, нема од тука да поминуваат туристите...
Јас возам за Битола и назад, не пречесто, максимум 2 пати во месецот и немам проблем со казни за брзо возење, има знаци за дозволена брзина (додуша знам и каде има камери) и нема проблем.
Ако ја утнам брзината, ќе си стигни честитка и тоа е тоа.
Ама кога јас возам по знаци, гледам како покрај мене прелетуваат соседите, дека за нив не важат знаците, нели туристи се тие.
Тоа е тој мајндсет (небитно што во Грција му вадат таблици за погрешно паркирање).
Нека бидат повнимателни, нека следат знаци на патот, помалце чекање на каса за плаќање казна.