Денес се соочив со најновиот бисер воведен благодарение на „сејф сити“.
На регистрација (во псс) отидов „по папучи“ од двор, пошто 30-40 минути ми беа фазла, викам ај да си завршам таа работа.
Ставам кола на терминал, одам на шалтер да платам додека ја прегледуваат. Све кул. Плаќам технички, плаќам осигурање, заелен..одам на полициски шалтер, и глеам праќаат некоии кодови, па на мејл, па на телефон.. ај ок викам, ја 4 возила имам, податоцине ги имам остаено, знам дека ми функционира „казнениот систем“.
Аррррноооо амааааа, сеа вовеле нов момеент (од пред месец ипол - два).
Сеа мора полицаецот што лупа печат, да ти прати код на тел. и на еМајл (различни се кодовите), и ти да му ги потврдиш.
Све супер, ама ете ја пошто од двор избегав, си го забораив телефонот дома!
Па ајде, тетката таму на шалтер услужна, „јави се, нека ти ги прочитаат да не доаѓаш у понеделник“, па ајде нека ти текне телефонот на жена ти, пошто, а она на работа, за да ти го издиктира телефонот на син ти, кој у меѓувреме задремал, па бркај кај ми е телефонот, па која апликација за смс, која за мејл, па мејлот у џанк... Какво искуство, фантазија!
Така да, внимавајте, на регистрација обавезно со телефон, и у телефонот сетиран и мејлот кој сте го пријавиле. Инаку - шипки печат!!