Сè почнува со учење, а тоа веќе почна од 2020 наваму дигитализација. Проблемот е што навистина имаме неписмена администрација. Не мислам неписмени буквално, туку неписмени за работата што ја извршуваат. Луѓе заглавени по шалтери, што не знаат да работат, а земаат плата од 500 евра и уништуваат каков-таков систем, додека имаш млади луѓе што перфектно би ја работеле таа работа НЕ ја работат е и каде е проблем?
Еве пример: пред десетина години имав колега Американец. Човекот не знаеше со пенкало да пишува. Да, да. Како што кај нас има шутраци што немаат врска од дигитализација, така и он беше за старите методи. Ми велеше: „Јас на телефон ќе пополнам, не ме терај да пишувам.“
Што сакам да кажам? Мора човек да учи и да се прилагодува. А особено вработените во институциите, кои треба да бидат сервис на нас граѓаните ПА и за самите нив. Не дека некој министер што 4 години ќе краде, па ќе дојде друг, ќе ги научи нешто. Тој често е и полош од нив.
Ние сме тие што го полниме буџетот со наши пари. А оваа држава и тие вработени треба да имат акал у глава дека ако не знам тоа да работам јебеш 500евра ке си одам од таму а не да дремам ко мисир и да се презнојувам со видеото со човекот.Има и позитивна и негативна страна имаш паразити неписмени по иниституции за жал и тој има човечки живот и тој паразит и на него родители се радувале еј човечки живот дремеш некаде и не знаеш зошто.Тој проклет комунизам од тито уште многу генерации ке уништи на овие простори...