Ќути има и полошо,на врнежливо време да седи до тебе 40км.
Значи 40км да возиш до гумата од диференцијалот на 18м грдосија и да не ти текни да се тргниш во друга лента,да забрзаш 2кмх или да успориш и да не си до него.
Вода да ти прска од 12 тркала,треба да си "чепнат".
Не само тоа, туку вчера и ситуации Тетово-Гостивар, камионот си вози 90, овој вози со 92, се префрлува во десна лента и закочува, нормално добива блицање од камионот.
Или пак ситуации, еден вози споро 60, и ајде еден е, ама позади него како лемури уште 5 возила го возат темпото на најпрвиот и направиле колона на автопат.
Камион ги престигнува.
И го оправдувам камионџијата, нема време камионџијата за лемурење како овие, ај првиот се влече, ама тие позади него како приколици, никој не му текнува дека треба да престигнеш.
Што мислиш, колку од луѓето би одбрале пошта?
Нека постои како опција за некој што мисли дека МВР го следи, дека не сака да има телефон, мејл итн.
После нека се објаснува со пошта зошто казната не му е испорачана во временската рамка за плаќање упола итн.
Апсолутно се сложувам.
Гледам тоа со следењето служи за потсмев.
Едноставно мора да се разбере дека тие податоци немаат никаква врска со регистрација на возило.
Поготово ако те условуваат.
Тоа што е ставено во законски рамки, и што уставен не видел кршење устав е показател до каде е стигнато општеството. Ова е само покажување моќ од страна на властите, односно ни се може и правиме што сакаме, ако не ти се допаѓа купи коњ или гитла од
нашата држава.
Утре некому ќе му текне да стави во закон дека треба да дадам дупе доколку сакам да регистрирам возило.
Значи, поседување телефон и електронска адреса
не е законска обврска, барем сеуште не.
Јас лично немам против казни и опомени да ми пристигнуваат електронски, но би сакал и да можам да проговорам на ист начин. Конкретно ме загрижува само дали го решиле проблемот со моторите (доколку е вистински), бидејки гледам дека мува не ги лази, си пичат око не им трепнува.