Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 80531 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1485 на: 29 Март 2026, 23:35:01 pm »
Добро, тогаш портокалови знаци кои означуваат работа на пат, се почитуваат така ?

Тогаш дали кај Свети Николе по автопатот ќе возиш 40 км/ч бидејки сеуште има такви знаци иако на патот нема никакви градежни активности ?

Еве ти го потполно истото исклучување за према Железара кога доаѓаш од од влез на Скопје од Лукоил бензинска.


Или и ова не е исто исклучување, само твоето од таа страна од кај Алкалоид е посебно, ендемско ?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1486 на: 29 Март 2026, 23:39:21 pm »
Пак ќе ти пишам, јас можам и 300 да возам. Ограничувањето по закон е 40 додека има такви знаци.

А за сликата пак не е истото исклучување, ама ете, и за таму нека седи истото прашање иако нема дополнително светло семафорот е полн црвен.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1487 на: 29 Март 2026, 23:40:42 pm »
Пак ќе ти пишам, јас можам и 300 да возам. Ограничувањето по закон е 40.

Градежни активности се завршени, ништо од градежна активност не е активна по целиот автопат Штип-Миладиновци.

Сигурно возиш по автопатот кај Свети Николе со 40 км/ч ?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1488 на: 30 Март 2026, 00:10:18 am »
Пак ќе ти пишам, јас можам и 300 да возам. Ограничувањето по закон е 40.

Градежни активности се завршени, ништо од градежна активност не е активна по целиот автопат Штип-Миладиновци.

Сигурно возиш по автопатот кај Свети Николе со 40 км/ч ?

Затоа што не ме разбра претходно, можеш колку сакаш да возиш, ограничувањето е 40 колку што е знакот.

Тука кажува дека ако нема место да се постави од десно семафорот ќе е поставен од лево.
Цитат
Член 8

Сообраќајните знаци се поставуваат од десната страна на патот покрај коловозот, во насока на движење на возилата.

Ако на местото на кое се поставува сообраќајниот знак постои опасност учесниците во сообраќајот да не го забележат сообраќајниот знак навреме заради густината на сообраќајот или од други причини, сообраќајниот знак се поставува и на спротивната, лева страна на патот или над коловозот.

Ако на десната страна на патот покрај коловозот, во насока на движење на возилата е невозможно да се постави сообраќаен знак, сообраќајниот знак се поставува над коловозот или од левата страна на патот покрај коловозот, во насока на движење на сообраќајот и има иста важност како кога е поставен од десната страна на патот. Сообраќајните знаци се поставуваат на начин на кој не го

попречуваат движењето на возилата и пешаците

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1489 на: 30 Март 2026, 00:11:46 am »
Еве ти го од подалеку малку твоето десно исклучување, две ленти се и на крајот завршува со мало островче и посебна мала десна лента за исклучување, идентично како и на сите останати исклучувања за десно на овој мост.



Ама само за тебе ова е поразлично од останатите три десни исклучувања на тој мост. Смешно, ама ајде, ако мислиш дека ова е различно од останатите три исклучувања за десно, така и нека биде.


Еве го и од страната на лукоил кога влегуваш во Скопје, потполно идентично, со идентичен мал остров и мала десна лента.


Ама двете си ги сметаш за различни, за едното си сметаш 2 ленти, за едното си сметаш 1 лента, па 3 ленти.

А од ова понацртано амин.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1490 на: 30 Март 2026, 00:16:51 am »
Разликата е што има семафор кој го регулира десното вртење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1491 на: 30 Март 2026, 00:18:53 am »
Ова помошно зелено за десно одамна не работи. Според тоа не смее да се поминува.
Кога веќе го имаш одговорот, зошто воопшто прашуваш?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1492 на: 30 Март 2026, 00:26:14 am »
Разликата е што има семафор кој го регулира десното вртење.

Бесцелно е да се дискутира понатаму, бидејки ако го имаш во предвид тоа додатно зелено кое не работи и тогаш се водиш според главниот семафор, тогаш на другиве останати исклучувања кај што нема додатно зелено, треба и таму да си стоиш бидејки немаш додатна стрелка за зелено и треба да си го почитуваш главниот семафор оти сите 4 исклучувања се со мала лента за десно.

А ти ако веќе тука го почитуваш овој семафор, тогаш треба и на останатите да го почитуваш бидејки со слики ти се докажува дека на сите исклучувања десно е идентично, со мала лента.

Али не ме чуди, откако се уклучи сејф сити, многу возачи и на додатно уклучено зелено стојат и не вртат десно.

Дефинитивно треба секој возач во државава да го тестира независна возачка комисија од странство.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1493 на: 30 Март 2026, 00:28:14 am »
Може ќе се појави некој што учествувал во проектирање на раскрсницата. Имаме членови кои тоа го работат.

Логично е семафорот да може да го регулира само движењето право и лево, но има додаток за десно. Тоа е делот што нема смисла на оваа раскрсница. Ме интересира како е правилно според сите закони, подзакони, правилници, итн.

Ако е грешна вертикалната сигнализација да се пријави кај одговорните органи на државата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1494 на: 30 Март 2026, 00:28:58 am »
Дефинитивно треба секој возач во државава да го тестира независна возачка комисија од странство.

Не, не.

Треба прво да се тестира од психијатар и психолог, па потоа за возачка дозвола.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1495 на: 30 Март 2026, 00:33:11 am »
Може ќе се појави некој што учествувал во проектирање на раскрсницата. Имаме членови кои тоа го работат.

Логично е семафорот да може да го регулира само движењето право и лево, но има додаток за десно. Тоа е делот што нема смисла на оваа раскрсница. Ме интересира како е правилно според сите закони, подзакони, правилници, итн.

Ако е грешна вертикалната сигнализација да се пријави кај одговорните органи на државата.

Веќе ако пријавуваш, пријави го и експресниот пат Градско-Дреново дека има 3-4 долги правци кои се со полна линија, да дообележат испрекината да се дозволи престигнување.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1496 на: 30 Март 2026, 09:21:42 am »
Дефинитивно треба секој возач во државава да го тестира независна возачка комисија од странство.

Не, не.

Треба прво да се тестира од психијатар и психолог, па потоа за возачка дозвола.

Да не биде само после што сум го дигал рака. ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11155
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1497 на: 30 Март 2026, 11:13:15 am »
смее ли тука да се врти лево? :)


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1498 на: 30 Март 2026, 11:52:01 am »
Не е дозволено вртење лево.

Отсутен Bompom

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1499 на: 30 Март 2026, 11:53:28 am »
смее ли тука да се врти лево? :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Зошто не би смеело? Нема знак за забрането вртење лево, ниту има полна (или дупла полна) линија на средина од раскрсницата. Тоа што на сликата има коли нелегално паркирани на лентата за лево не те спречува да свртиш лево од десната лента, бидејќи немаш друг избор.