Тоа за долгите светла е во нокни услови.
И плус законски е посочено кога треба да ги користиш, а кога да ги изгасиш долгите светла
Член 89
(1) За осветлување на патот, возачот на моторно возило, по правило ги употребува
долгите светла.
(2) Возачот на моторно возило е должен наместо долгите светла за осветлување на
патот, да ги употребува соборените светла:
- пред разминувањето со друго возило на оддалеченост од која ќе оцени дека со
светлото на своето возило го заслепува возачот на возилото што му доаѓа во пресрет, а
при разминувањето со друго возило - кога возачот на тоа возило ќе премине на
соборени светла или кога со наизменично палење и гасење на светлата го предупредува
дека долгите светла му пречат, а секогаш на оддалеченост помала од 200 m,
- за времето додека на кратко растојание се движи зад друго возило, во таква положба
што со долгите светла на своето возило го заслепува возачот на возилото пред себе,
- за времето додека со возилото минува покрај организирана колона на пешаци и
- кога се движи по пат што се протега непосредно покрај пловен пат или покрај
железничка или трамвајска пруга - при средба со пловен објект, односно со возило што
се движи по шини, а кое наидува од спротивна насока.
Така да кењам со право.
Тоа ако вие не сте способни разумно да се однесувате во сообраќајот, мораше да го чекате Панче да ви каже како да возите, стварно сте за жалење.
Јас зборувам за дневни светла, и законот ако не е сменет вели НАЈМАЛКУ соборени светла.
Повеќе од најмалку се долги светла.
Видовме законот како менува значење на сообраќаен знак, знак за синџири.
И да не набројувам...
Законот исто така вели најмала брзина 80, и ако сакам ќе си возам 80.
Си имаш лева лента за да го претекнеш тој што се влече со 80.
Проблем претставуваа тие што шибаа 200 на лева лента и тие го правеа небезбедно претекнување то поспоро возило.
Низ град доколку нема гужви се вози нормално, од 40до 50.
И ќе повторам, дозволено е 50, не 53, не 56.
Толерираната брзина е во служба да не се казнува ако некако со надминал 50, нервозна нога, удолница, невнимание.
До вчера се плачеше дека не може да се вози точно 50 без во даден момент на преминеш и бидеш казнет, сега
морало да се вози со максимална толерирана брзина.