Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 42107 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17916
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1245 на: 20 Февруари 2026, 12:48:46 pm »
Ти си стварно отиден...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15030
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1246 на: 20 Февруари 2026, 12:49:43 pm »
За ова има казна уште од СФРЈ.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22241
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1247 на: 20 Февруари 2026, 12:49:52 pm »
За да се забрани или казнува возење по десна (автобуска) лента низ Скопјево пред се треба:


Магистратура на тема „Безбеден град“, јер без магистратура нема докторат.



....иначе, лично мене "безбедниов град" ми одговара.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1248 на: 20 Февруари 2026, 14:20:27 pm »
Цитат
Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж, во рамки на системот „Сејф Сити“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во вакви случаи прекршокот нема да се третира како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. Возачите ќе бидат должни однапред да направат проценка дали има услови безбедно да ја поминат крстосницата, дури и кога семафорот покажува зелено светло.

Во тест-периодот биле евидентирани ситуации во кои камерите регистрирале поминување на црвено, иако возилото влегло на зелено светло. Надлежните информираат дека системот е прилагоден и дека ваквите случаи повеќе нема да се третираат како поминување на црвено, туку како таканаречено „угушување“ на крстосница. објави Скопје1.мк

 Од околу 45 евра :)

Оди сврти сега лево кај собрание накај Холидеј Ин :)
Сабајле свртев, ама за среќа немаше коли пред мене . Морам да кажам дека со страв идев натака.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Тоа вртење одамна требаше да го укинат како можност.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20335
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1249 на: 20 Февруари 2026, 14:21:21 pm »
Повеќето вртења лево би било добро да се тргнат како можност низ Центар.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1250 на: 20 Февруари 2026, 14:40:52 pm »
Повеќето вртења лево би било добро да се тргнат како можност низ Центар.

И ситуација, прв сум на зелено поаѓам лево да вртам
АЛИ НИКОЈ не ми дава предност, ме фаќа црвено и јас кркам 45 евра казна

ДЕБИЛИЗАМ НЕВИДЕН е ова

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4517
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1251 на: 20 Февруари 2026, 14:42:31 pm »
Мислам дека не смееш да ја поминеш белата линија ако не можеш да поминеш, те да свртиш лево.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
    • ibiz.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1252 на: 20 Февруари 2026, 14:45:27 pm »
Мислам дека не смееш да ја поминеш белата линија ако не можеш да поминеш, те да свртиш лево.

да ама од кај да знам дали можам или нема да можам.
ова зборуваме ако е еден семафор за право и лево.

ова ке предизвика уште повеќе хаос.
како што никој не дава предност и сите ке се плашат лево да фатат

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1253 на: 20 Февруари 2026, 14:47:09 pm »
Ќе биде јако на раскрсниците кај Букурешт и таа пред Обединети Нации

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30448
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1254 на: 20 Февруари 2026, 14:49:48 pm »
да ама од кај да знам дали можам или нема да можам.

Ќе видиш. Се гледа, освен на пар раскрсници. И ако не можеш да поминеш, нема ни да влезеш во раскрсница.

Ќе биде јако на раскрсниците кај Букурешт и таа пред Обединети Нации

Баш ова го дискутирав сега. Ќе мора таквите раскрсници да се преподесат, да не пуштаат од двете страни истовремено.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4517
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1255 на: 20 Февруари 2026, 14:52:01 pm »
Мислам дека не смееш да ја поминеш белата линија ако не можеш да поминеш, те да свртиш лево.

да ама од кај да знам дали можам или нема да можам.
ова зборуваме ако е еден семафор за право и лево.

ова ке предизвика уште повеќе хаос.
како што никој не дава предност и сите ке се плашат лево да фатат
Чекаш у место ако си прв, и ако има можност да свртиш лево вртиш. Така нема да те фати камерата за проаѓање на црвено. Дали уопште ќе можеш да свртиш ако ги почитуваш правилата, не би знаел.
Многу лошо решение е кај што со еден семафор се регулира и за право и за лево, а истовремено и од другата страна е отворен семафорот на истиот принцип. Катастрофа од епски размери, кој изгледа никој нема доволно мозок, а има очи да земе да го реши проблемот.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1256 на: 20 Февруари 2026, 14:53:53 pm »
Јас тука во 6 години ни еднаш не сум заглавил на сред раскрсница, а исто жители има како Скопје.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1257 на: 20 Февруари 2026, 15:06:44 pm »
Колега минатата недела заглави на раскрсницата кај меркур да врти лево до меркур нели зграда се гради искочил работник од таму со знаменце блокирал све шлепер да искача/влага пола и повеќе ради тоа останле на сред раскрсница поминати на зелено, ке има мал милион ситуации вакви, мавровка не можеш никад да предвидиш од судот према стоковна насабајле зошто десно има коли паркирано исто и од страна на битпазар се пикаат од десно не чекаат дека за право ти е зелено и мал милион пати сум се нашол во ситуација од проодна раскрсница да стане затнато зошто некој решил да се пика..

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1258 на: 20 Февруари 2026, 15:16:15 pm »
Ти си стварно отиден...

Па баниран е до сега сто пати на Кајгана, што те чуди?  :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5221
  • The Spartan General
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1259 на: 20 Февруари 2026, 15:21:39 pm »
Ти си стварно отиден...

Cekaj, ti citas sto pisuva? Duri i tie dolgite postovi sto nemaat ni kraj ni pocetok?   :-X :-X :-X :-X
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.