За да се забрани или казнува возење по десна (автобуска) лента низ Скопјево пред се треба:
1. Да има доволно на број редовни автобуски линии кои го покриваат цел град, за добар процент од скопјани ( и староседелци и новодоселени) кои возат автомобил да се решат да ги користат услугите ЈСП на достоинствен начин, а не 45 минути да нема автобус, а потоа доаѓаат два еден по друг со иста бројка накрцани бетер од Индија. Јас живеам на 6.5км од Центар и уште немам директна линија до тој фамозен Центар.
2. Да има трајно решение за сите нескопјани кои секојдневно влегуваат и излегуваат од градов, чии булевари и улици на Кензо Танге не биле предвидени за волку сообраќај, а богами ни за волкави фрижидери на 4 тркала кои зафаќаат поголем простор и во сообраќај и на паркинг. Тоа што се поголема потенцијална опасност во случај на незгода за сите околу нив (од пешак, тротинетџија, мотор па се до нормален автомобил) е стара и позната тема. Првиот проблем се решава со катни гаражи на влез од градов (али со цена од 10 денари од саат, а не 60) или организиран превоз, а вториот со многу поскапо осигурување од штета према трети лица, јер није свеједно so иста брзина и агол да те поткачи X5 или Фиат 500.
3.Да се дозволи со возачка дозвола за автомобил да можеш да си возиш мотор поголем од 50 кубика, а не дополнително (за 45%) да се зголемуваат давачките за полагање.
4.Брз, точен, ефикасен електричен железнички превоз над постојните улици е научна фантастика.
Така да, без соодветно решение, ако случајно се забрани или казнува користење на автобуска лента, редиците кај влезовите во Скопје ќе стигнат до велешка/тетовска патарина.
Али ништо чудно...
Парите од казни се најслатки.