Уште не можам да сфатам на излез на Скопје после Шарлота, на 70 дозволено, зафатени само средна и крајна лева лента, а крајна десна никој не ја користи.
И на никој не му текнува да се премести во крајна десна да помине, туку сите залепени еден позади друг во колона возат во средна и крајна лева лента.
И да биде инатот до максимум, обавезно се наоѓа некој што вози во најлевата лента поспоро од ограничувањето и вклучително од тие во средната лента и прави колона.
Не го разбирам тој момент, тоа повеќе ми делува како водење инат отколку разумно возење на место каде што веќе го напушташ Скопје.
А и самиот идиотизам на Сејф сити, камерите наместо да се поставени баш кај пешачкиот што е кај Макпетрол/Лукоил, тие се поставени онаму каде што нема ни пешачки ниту пак по никоја основа и не треба да има пешаци.
Класичен Полнење Буџет Сити, отколку Сејф Сити.