Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 90643 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4588
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #540 на: 21 Декември 2025, 17:55:42 pm »
Имењак, веројатно има слична мејл адреса како мојата, па може да направил превид кога ја пријавувал.
Баш да видам дали од МВР ќе ми одговорат. Личи на баш све на брзање направено, без многу работи да се осмислени.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #541 на: 21 Декември 2025, 18:04:04 pm »
Пробај пиши му на вибер и на него да отиде да ги поправи податоците.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #542 на: 21 Декември 2025, 18:10:45 pm »
Во новонастанатата ситуација уствари е најбитно што побрзо да стигнеш до 50, се друго небитно. Симо и ти, како и секогаш еден чекор пред сите други :)
Најважно е просечната брзина да ти е најголема што може. А ако си лимитиран на 50кмч, тогаш значи дека што е можно поголем дел од патот треба да го поминеш со што е можно поблиска брзина до таа.
Многу понормализиран сообраќајот. Иако фалат уште барем 1000 камери во Скопје, за да се стабилизира уште малку.

Убедливо најголем проблем е преспоро тргнување на семафори. Прелетаргично и пресебично се понашаат 80% од возачите. Само они да си пројдат, другите нека чекаат 3-4 пати на семафор за да поминат. Колектива 0.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #543 на: 21 Декември 2025, 20:30:27 pm »
Моментален предизвик е само слаломот низ 30-кашите.
Некако 50/50 е:

- или ќе има добар простор за цик-цакч или
- возат паралелно во 3 ленти сите 25-30....

Во случај кога се погодуваат ѕвездите, лесно се постигнува пол позиција по мерка.
И кога веќе ќе стигнеш доволно напред, тргаш прописно на еден семафор прв - натаму го јаваш зелениот бран.

Шпиц си е шпиц - секако ќе главиш.

Горенаведеново супер функционира во периодот после 17:00, а досега потврдено на Партизански Одреди и Гологанов -> Антон Панов.
Впрочем, баш на тие релации - фукнционира дури и подобро од порано (освен деновите кога се зачестени овие паралелните 30-каши на булевар)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #544 на: 21 Декември 2025, 21:36:33 pm »
На влегување во кола си ставам лимит 50 и буквално ништо не ми фали. Тоа што приметив е дека више некој не пролетува покрај тебе со 90, никој не влага у макази, и не поминуваат по 5 коли на црвено една по друга. А нема ни трки на семафор. И општо порелаксиран е сообраќајот. Топ, топ. Секоја чест, дај Боже да постават камери на секој чекор и на секоја улица во Скопје.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #545 на: 21 Декември 2025, 22:10:59 pm »
Да да, и лалиња растат покрај улица кога ќе поминеш. Смогот се прочистува од филтерот за воздух. Штета само што ми заѕвоне алармот за на работа.

Сите се понапнати или исплашени зошто сообраќајот тече со 40 км/ч. Повеќе семафори се фаќаат на црвено, а на зелено се трга после 5 секунди. Се изгуби поентата на возење кола, само што Скопје нема асален јавен превоз.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #546 на: 21 Декември 2025, 22:16:06 pm »
Супер е. Возам деновиве преку ден низ град, попладне околу 4-5 и навечер.

Мерак е за возење.

Тоа што вика Браво, можеш на рает да си смениш лента, да не те укучка некој од назад кога трепка жолта, а ти си кочел оти не си сељак да поминеш на црвено.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4061
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #547 на: 22 Декември 2025, 06:36:59 am »
Јас поминувам по околу 12 до 13 илјади годишно. Со кола. Подобро нешто од камериве не се десило одамна.  Сфаќам дека луѓе што работат транспорт ќе имаат проблеми и нервози и немам намера да им ликувам. Кажувам само мое мислење.


Мораше од некаде да се почне да се удира сатар. Овој северен свињарник на ништо не личи више.
Сите ке имаме проблем... Нели ги гледаш тргаат како да ја гура колата порано на зелено ако поминувале 10 коли сеа едвај 5,кочат чим еднаш ке трепне семафорот....

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #548 на: 22 Декември 2025, 09:08:38 am »
Сериозни сте со муабетот дека е супер ?
Скопје изминативе две недели е толку закочено, скоро секоја улица е заглавена бетер од дождливо време кога е.

Влез на Автокоманда никогаш позакочен, колона до пешачкиот натпатник има речиси постојано за влез во Скопје.

Истата гужва беше и претходно. Не си правете бајрам со умот дека тоа што не ви е дозволено со 70-80 да возите сега е гужва.


Па изгледа сериозни се пошто и двајцата по 3400 км поминуваат годишно...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Уште еден доказ дека километражата не е IQ тест.
« Последно менување: 22 Декември 2025, 09:15:44 am Carpathian Lord »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4588
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #549 на: 22 Декември 2025, 09:19:17 am »
Не е мислам до брзината, туку до протокот на возила на семафори, те луѓе што кочат и на зелено и тргаат многу покасно него претходно, а системот сега за сега нема толеранција, иако е без казни. На некои им е тешко да се навикнат да возат 50, зашто никогаш не возеле по прописи и си возеле како ќе им прдне без осет на гаста, е сега е друго и тешко им е да се навикнат па гледаат цело време у брзиномер, како што пишувате. Ако сака човек и има осет ќе се навикне за 1 ден, не е никаков проблем да ја навикнеш ногата до колку да притиска на гаста кога си во трета за да не надминеш 50 км/ч.
Иначе ми одговорија од МВР:
Цитат
Почитувани,

ги известуваме граѓаните дека од денес (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #550 на: 22 Декември 2025, 09:21:12 am »
Да се реши проблемот со џарењето во мобилен на семафор, 50% од заглавувањата на семафор ќе бидат решени.

Второ, ако имате кола од 2002 навака, а повеќето имаат, ќе си врзете еден HUD од ТЕМУ и проблемот ќе е решен. Ќе си гледате во шофершајбна.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4588
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #551 на: 22 Декември 2025, 09:23:04 am »
Тоа со гледање у телефони на семафори и претходно го имаше, не е поврзано со сејф сити, али би било добро камерите и тоа да регистрираат и да стигаат казни за истото.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5747
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #552 на: 22 Декември 2025, 09:25:36 am »
Kruzi nekoj muabet deka tablicite so 3 broja ke treba da se zamenat, ko bozem imalo rok.
Dali nekoj od vas cul nesto vakvo?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #553 на: 22 Декември 2025, 10:34:06 am »
Сериозни сте со муабетот дека е супер ?
Скопје изминативе две недели е толку закочено, скоро секоја улица е заглавена бетер од дождливо време кога е.

Влез на Автокоманда никогаш позакочен, колона до пешачкиот натпатник има речиси постојано за влез во Скопје.

Истата гужва беше и претходно. Не си правете бајрам со умот дека тоа што не ви е дозволено со 70-80 да возите сега е гужва.


Па изгледа сериозни се пошто и двајцата по 3400 км поминуваат годишно...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Уште еден доказ дека километражата не е IQ тест.


IQ Тест е дали ако семафорите пред тебе се наштелувани да се фаќаат со 70, а цел сообраќај тече со 40км/ч, истиот нема да заглави на повеќе семафори, што ќе резултира со поголема гужва?

Тој што не вози во ударни часови и не го поминува градот од еден до друг крај не може да осети значителна разлика во протокот. Јас се согласувам со Симо сега е потребно 50% повеќе време за да се патува од една до друга дестинација во Скопје.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7608
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #554 на: 22 Декември 2025, 10:35:50 am »
Сериозни сте со муабетот дека е супер ?
Скопје изминативе две недели е толку закочено, скоро секоја улица е заглавена бетер од дождливо време кога е.

Влез на Автокоманда никогаш позакочен, колона до пешачкиот натпатник има речиси постојано за влез во Скопје.

Истата гужва беше и претходно. Не си правете бајрам со умот дека тоа што не ви е дозволено со 70-80 да возите сега е гужва.


Па изгледа сериозни се пошто и двајцата по 3400 км поминуваат годишно...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Уште еден доказ дека километражата не е IQ тест.


IQ Тест е дали ако семафорите пред тебе се наштелувани да се фаќаат со 70, а цел сообраќај тече со 40км/ч, истиот нема да заглави на повеќе семафори, што ќе резултира со поголема гужва?

Тој што не вози во ударни часови и не го поминува градот од еден до друг крај не може да осети значителна разлика во протокот. Јас се согласувам со Симо сега е потребно 50% повеќе време за да се патува од една до друга дестинација во Скопје.

Протокот на сообраќај е намален за барем 10-15%.