На Скопје му е проблем што нема јужна обиколница за луѓето од Кисела Вода, Пржино тој реон доколку сакаат да патуваат западно надвор од Скопје или Ѓорче, Волково натаму, мора цело Скопје сосе сејфти фрст сити и смарт семафор сити да го кркаат додека да стасаат до Ѓорче.
Второ, булевари како Србија пример се со ширина на ленти како за на автопат, а ограничени 50.
Ако веќе се форсира 50 во цел град, тогаш смали ги лентите и направи ги 4 ленти, пошто вака ем е со ширина како за автопат, ем на доста делови е со две ленти.
Трето оној надвозникон кај Автокоманда, во радиус од 50 метри 4 семафори.
Тоа треба да е комплетно решение со кружен тек, никако семафори.
Четврто, мора да се направи уште еден источен излез на Скопје, па макар бил и само за камионите.
Вака постоечкиот преку автокоманда е чист колапс, особено со камерата кај Шарлота, 30 возат.
Фатен сум со 51 населба Ѓ. Петров на исклучок од автопат Тетово-Скопје.
Би рекол дека сум фатен на делницата каде е 70 бидејки само тука возев над 50 бидејки следев возило пред мене со слична брзина.
После семафорот за Сарај забрзав пожустро докај 53 (колку што видов) за да се престројам лево, но бидејки покажува 5 помалку сметав дека сум безбеден до 55км/ч.
Страшно е да се има постојано едно око приковано на брзинометар!
Фактички брзината е ограничена на 45, односно 40 во случај да падне концентрација на стапалото бидејки единствено тука си "безбеден" од сенф сити.
Таа камера таму сетирана на 50 км/ч е чисто за полнење буџет, а не за некаква си безбедност. Буквално е веќе на автопат таа камера, ставена на 50 км/ч.
Ама очигледно имаме многу јаки инжењери кои најверојатно ограничувањата ги шлапаат паушално седејки во канцеларија и гледајки цртеж, без да искочат на терен да ја увидат фактичката состојба.