Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 10538 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3314
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #480 на: денес во 13:06:32 »
Pri registracija vo poletoi email pisete:
info@vlada.gov.mk

Problem solved.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4456
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #481 на: денес во 13:06:51 »
Не може да се смета за валидна достава ако казната е доставена по мејл или смс. Нема такво нешто пропишано во ниеден закон.
Мора да ти стигне на домашна адреса. Ако имаш мејл оставено може да е подобро за да го добиеш побрзо инфото дека си направил прекршок и да внимаваш повеќе, ама тоа не значи дека казната ти е доставена и да тече рок за да ја платиш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15024
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #482 на: денес во 14:53:55 »
Не може, освен ако не го наведат во законот дека може :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7195
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #483 на: денес во 15:01:10 »
По ЗОУП ако има 3 неуспешни достави, оди на јавна објава и се смета за уредна достава.

Овде сигурно ќе го решат тоа во самиот Закон.

Pri registracija vo poletoi email pisete:
info@vlada.gov.mk

Problem solved.

Превид им е тоа што немаат смс за валидација на број, да не може да го внесе во систем без тоа.

Многу луѓе што дале коли сеа на жими мајка, ги продаваат за да избегнат заебанции со држава

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20281
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #484 на: денес во 16:11:34 »
Сакам да соберам информации од луѓе што биле повикани во МВР во врска со сообраќаен прекршок. Би ценел ако споделите конкретно искуство.

Кој точно ве примаше, дали беше полициски службеник или друго лице? Дали ви беше кажано од кој орган е?

На која локација/одделение бевте повикани?

Дали ви беше објаснето дали имате право на адвокат и дали дозволуваат присуство на адвокат?

Што точно правеше лицето што ја водеше постапката, земаше изјава, составуваше записник, ви даде некакво решение или само административно ве информираше?

Дали ви го дадоа името и презимето на лицето што ја водеше постапката (за да може да се провери институционално)?

Дали ви беа покажани слика или видео доказ за прекршокот?

Дали добивте некакво известување по email или SMS, и како беше формално објаснета таа достава?

Ако поднесовте приговор, како продолжи постапката, дали предметот отиде во суд или остана во МВР?

Целта ми е да разберам како точно изгледа постапката во практика и кои чекори ги минуваат граѓаните. Благодарам однапред на сите што ќе споделат корисни информации.

Постирам и тука, не е поврзано со сејф сити директно. Одговорете кој знае точни информации за било кое од прашањата.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15024
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #485 на: денес во 16:12:18 »
https://prizma.mk/so-tri-zabrani-za-vozene-zbogum-na-vozachkata/


Нек се угоде :)

Донесен е законот.

Good luck everyone

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20281
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #486 на: денес во 16:17:19 »
https://prizma.mk/so-tri-zabrani-za-vozene-zbogum-na-vozachkata/


Нек се угоде :)

Донесен е законот.

Good luck everyone
Многу неуставни промени има донесено.

Одговорете и на прашањата од погоре.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4456
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #487 на: денес во 16:25:03 »
Верувам дека дел од измените, поготово со тоа за ажурирани податоци за телефон и мејл адреса ќе им паднат на суд, те дека некој ќе ги оспори тие измени.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1981
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #488 на: денес во 16:25:39 »
https://prizma.mk/so-tri-zabrani-za-vozene-zbogum-na-vozachkata/


Нек се угоде :)

Донесен е законот.

Good luck everyone

Ако ти земат возачка 3 пати во 4 години за да те фати законов, епа глуп си и не заслужуваш ни да ја имаш реално. Особено што за секое одземање возачка се чека по 2 години  ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7631
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #489 на: денес во 16:52:31 »
Верувам дека дел од измените, поготово со тоа за ажурирани податоци за телефон и мејл адреса ќе им паднат на суд, те дека некој ќе ги оспори тие измени.

Eдноставното решение е да ги пратат казните на домашна адреса. Верувам дека ке си го изменат законот како им одговара.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6997
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #490 на: денес во 17:18:28 »
Ако стигнуваат на домашна адреса, рокот од 8 дена беше? за 50% попуст, треба да почнува од моментот на направениот прекршок, па кој сака да живее во камено време со среќа со плаќањето.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1428
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #491 на: денес во 20:57:14 »
Пост на некој Дејан Митевски од фејс.

https://www.facebook.com/dejan.mitevski.33/posts/pfbid0BWXmAzCFhnBEqzSiw24JN1wHoth7dyknPMrVEPXtFJC7WoxQYPSVTRiqBe8V1tnJl

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад?
Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално.
Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа
Тип на пат                                Брзина
Улица во населено место        50 км/ч
Зони со пешаци / училишта    30–40 км/ч
Локален пат                            70–90 км/ч
Магистрален пат                    90–110 км/ч
Булевар                                    60–70 км/ч
Кружен тек / критична точка   50 км/ч
Автопат                                    120–130 км/ч
Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со три широки ленти, без премногу пешачки премини, со замена на некои раскрсници од семафори во кружни текови и со добро обележани раскрсници, булеварот може безбедно да се вози 70 км/ч.
Што се случува кај нас?
Во Скопје постои центар за регулација на сообраќајот, кој се правеше со години и едно време функционираше одлично.
• Автоматска регулација базирана на реална состојба на сообраќајот
• Следење на сообраќајот преку камери и индуктивни јамки
• Брза промена на семафорите според густината на сообраќајот
Но, во последните години системот не се одржува. При реновирање на улиците, голем дел од индуктивните јамки се искинати или ископани.
Резултат: системот е потполно нефункционален
Дополнително градот е блокиран затоа што градоначалниците за „станче“ дадоа одобренија за градење на згради на места каде биле изградени индивидуални куќи. Паркинзи нема доволно, а и тоа го решаваат со зголемување на цени, а не со наоѓање решенија.
Дозволија да се изгради Ист Гејт мол на место на кое сообраќајот е зголемен за 1000%, а сообраќајната инфраструктура е иста. Кога ќе се завршат и зградите во Крњево, ќе биде потполно блокиран сообраќај.
Резултат?
КОЛОНИ. СТРЕС. ЗАГАДУВАЊЕ.
Безбедност не се прави со камери.
Се прави со логика, сообраќајни решенија и одржување на системите.
Европа прави прво инфраструктура, па казни
Скопје - прво казни, па хаос, а системите за регулација се нефункционални
Булевар со 70 км/ч + логични решенија = безбедност.
Булевар со 50 км/ч + нефункционален систем = блокиран град.
Во Скопје порано се возеше со брзина од 60км/ч на булеварите, но се случија неколку сообраќајки кога пијани и издрогирани возачи возеа со огромна брзина и имаше смртни последици. Заради овие неколку изолирани случаи, наместо превенција, се намалија брзините на булеварите од 60 на 50. Проблемот не се реши затоа што повторно пијани и издрогирани возачи и возачи без возачка дозвола предизвикаа сообраќајки со смртни последици.
Исто така, излезот на Скопје кон исток беше со ограничување од 120км/ч, но пред некоја година се случи верижен судир на повеќе возила заради несоодветно решение за одведување на водите од коловозот кои беа подмрзнати, и наместо да стават знак со дополнителна табла во услови на дожд и поледици да се вози со помала брзина, тие во цел потег ја намалија брзината на 70, а на почетокот и 50км/ч, што создава огромни гужви на излезот од Скопје.
Ако сакаш безбедност – копирај ја Европа.
Ако сакаш хаос – продолжи вака.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44591
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #492 на: денес во 21:26:25 »
Инаку, мое согледување од овие 20тина денови со „безбеден“ град:
Неколку пати ќе ме лупнеа и ќе напраев и јас некоја глупост, гледајки мапи, брзинометри и напнувајќи се да не возам нормално.
Дефинитивно е зголемена гужвата, дури и во офф пик времиња, и поспоро е движењето низ град.
Доста луѓе веќе ја фатија шемата и пред камери возат како у F1 кога има VSC, и штом ги поминат камерите - гас до даске, со сечење ленти, цик-цак возење и правење секакви (дури и поголеми од претходно) глупости низ сообраќај.
На сабајле и попладне, кога одам и се враќам од работа (немам точно одреден термин, слободно ми е времето за пристигање и заминување, но сеедно) - просечната брзина е намалена драстично, порано беше околу 24-26км/ч, сега е 17-18км/ч.
Да го ставиме тоа во реални опипливи бројки: До работа патував нешто под 30 минути, сега патувам 15 минути подолго, односно 30 минути од моето слободно време, кое и онака го немам многу, ми оди фира. Да не зборуваме што попладневни активности со децата исто изискуваат интензивно возење, па и тука сигурно одат уште дополнителни 20-25 минути плус.
 
Сега, во почетнава фаза, според пропагандава - има ефект нашето чмаење у сообраќај. Помалце повредени и помалце сообраќајќи. Голем скептик сум дека ќе продолжи трендот, и некако ми се чини дека брзо ќе се вратат работите и статистиките на претходни вредности, првенствено затоа што луѓето ќе ги „научат“ финтите и камерите, и ќе се зголеми трендот на VSC ефект, ама ајде, белќи грешам, па ќе има оправдание трошењето на моето слободно време.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.