Супер е сообраќајот. Дај Боже и поспоро да биде, па на пролет пола од луѓето да се префрлат на точаци и да профункционираме малце ко нормални луѓе. Секако 90% од дестинациите се до 5км у правец.
Заборавате дека истиот сообраќај е сега поспор и за Брзата помош која во својата рута треба да помине повеќе коли да стигне до дестинацијата. Претходно со побрз тек истата се движеше побрзо.
Исто така сите големи развиени градови во светот имаат транзит улици со повисока дозволена брзина, додека во Скопје сите улици се со максимум 50. Треба сите да се стремиме кон поефикасно и побезбедно движење. Не само кон едното. Поголеми гужви со бавно возење ради исплашен народ ќе придонесат кон поголемо загадување. На таков воздух кој мислиш дека ќе се префрли на точак?
Зелен бран е можеби најдоброто решение за да имаме безбеден и ефикасен сообраќај. Казнување на 51 со расштимани семафори е рецепт за блокиран град.