Во бившата држава ограничувањето беше 60. Немаше обиколници, послаби беа возилата. И ? се намалија несреќите коа се направи 50 ? Не.
Сега некој наназад спомна, протокот е намален, веројатно поголемо загадување, времето на патување се зголеми. Потрошувачка.
Скопје беше и пред камерите укочено. Сеа се доукочи. Плус се зголеми сурфањето во кола.
За краток период, ќе ги научиме камерите. и таму ќе лазиме. На делиницте каде нема камери, мнозинството пак ќе оди 42 кома 6, а другите ке најдат начин да цепаат. Не којзнае колку, до 70. Причина плус за проблем.
Јас изгасив помошни уреди за да се тестирам. Лазам кај камери, и возам нормално (не брзо - 60-70) каде нема. Досеа немам добиено ништо. А проверував дали податоците во МВР ми се точни. И точни се. Дали сум побрз ? Не е битно, мада би требало. Дали ми треба ? Па да, се успивам на 42,6.
Вака се вози во Словенија. Нивното АМСМ (АМЗС) има апликација со сите (а не се премногу) камери низ Словенија. На пример, од Хрватска граница до Љубљана се 2. Таму се внимава, а на останатиот дел се вози 10-20 над дозволено. И нема проблем. Пресретачи има ама не малтретираат. Возиш нормално не гледаш во брзиномер цело време.
Проблемите настануваат со арпаџиците кои летаат, а тие предизвикуваат очајни сообраќајни несреќи. Не со тие што се движат во човечки нормални рамки.