Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 4900 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9000
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #345 на: денес во 00:41:13 »
Јебеш народ кој чека закана од казни за да успори...
...и после пак продолжува по старо, пошто го ебал системот, научил каде нема камери.

Ми отиде младоста додека се напијат кафе во Броз.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6902
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #346 на: денес во 06:31:55 »
Уште од Белимбегово возат 50.
Цел источен влез е укочен од сообраќај.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3374
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #347 на: денес во 06:47:13 »
Па колку, бе другар, треба да се вози? Ако е 50 – вози 50. Возиш над 50 – плаќаш казна. Што е проблемот? Како, бе братче, каде и да одиш – и во Грција, и во Австрија, Германија, Србија, каде било – мора да го почитуваш сообраќајот и не плаќаш казна значи да платиш казна свесно значи во возачот е проблем океј имаш одвишок плаќај казни-ваљда човек ке живее 120 години па ке научи како треба.Ова е одлично, ќе се намалат смртни случаи. Доста летаа по Аутокоманда – народ изгина, коли се испокршија. Тука не можеш да развиеш 120, нели.

Тоа е што е – како за тебе, така и за сите. Или прифаќајте, или плаќајте казни и останувајте без дозволи – трето нема. Значи, ако е 50 – ќе се вози 50. Спротивно, си лежиш на одговорност, друго спас нема за овој народ. Теории постојат милион, но како и да е, човечкиот живот треба да биде на прво место, пред било што на овој свет.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1423
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #348 на: денес во 08:09:50 »
Во бившата држава ограничувањето беше 60. Немаше обиколници, послаби беа возилата. И ? се намалија несреќите коа се направи 50 ? Не.
Сега некој наназад спомна, протокот е намален, веројатно поголемо загадување, времето на патување се зголеми. Потрошувачка.
Скопје беше и пред камерите укочено. Сеа се доукочи. Плус се зголеми сурфањето во кола.

За краток период, ќе ги научиме камерите. и таму ќе лазиме. На делиницте каде нема камери, мнозинството пак ќе оди 42 кома 6, а другите ке најдат начин да цепаат. Не којзнае колку, до 70. Причина плус за проблем.

Јас изгасив помошни уреди за да се тестирам. Лазам кај камери, и возам нормално (не брзо - 60-70) каде нема. Досеа немам добиено ништо. А проверував дали податоците во МВР ми се точни. И точни се.  Дали сум побрз ? Не е битно, мада би требало. Дали ми треба ? Па да, се успивам на 42,6.

Вака се вози во Словенија. Нивното АМСМ (АМЗС) има апликација со сите (а не се премногу) камери низ Словенија. На пример, од Хрватска граница до Љубљана се 2. Таму се внимава, а на останатиот дел се вози 10-20 над дозволено. И нема проблем.  Пресретачи има ама не малтретираат. Возиш нормално не гледаш во брзиномер цело време. 

Проблемите настануваат со арпаџиците кои летаат, а тие предизвикуваат очајни сообраќајни несреќи. Не со тие што се движат во човечки нормални рамки.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14994
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #349 на: денес во 09:02:45 »
Кај нас е потребно максимално ригорозно регулирање на сообраќај. Дупло повеќе камери да се постават, да не може пиле да прелета.

Кога имаш стока народ, стоката се контролира, не се дава да прави што сака.

Апсолутно сум против секакво попуштање по било кој основ за систем на казнување.


Да бевме цивилизирана држава како Словенија, не треба камери да им поставуваш да ги учиш како да се однесуваат во сообраќај.

Оди во Скандинавија, сите возат 30 или 50 низ град. Ни КИЛОМЕТАР на час повеќе.

Ниту некој се буни, ниту некој пишува реферати на форум дека колку бил погоден оти не можелм да вози 60 или 70.

Променете ментален склоп. Време е за цивилизација.


Пред да ми кажете дека имале многу камери.

Еве колку камери има Малме



Еве ви рандом driving video од Малме.

Ја немам гледано снимката, ама ако најдете некој да се глупира слободно постирајте ми со timestamp.
« Последно менување: денес во 09:09:58 Carpathian Lord »