Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 6275 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9004
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #345 на: 10 Декември 2025, 00:41:13 am »
Јебеш народ кој чека закана од казни за да успори...
...и после пак продолжува по старо, пошто го ебал системот, научил каде нема камери.

Ми отиде младоста додека се напијат кафе во Броз.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6905
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #346 на: 10 Декември 2025, 06:31:55 am »
Уште од Белимбегово возат 50.
Цел источен влез е укочен од сообраќај.

Присутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1426
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #347 на: 10 Декември 2025, 08:09:50 am »
Во бившата држава ограничувањето беше 60. Немаше обиколници, послаби беа возилата. И ? се намалија несреќите коа се направи 50 ? Не.
Сега некој наназад спомна, протокот е намален, веројатно поголемо загадување, времето на патување се зголеми. Потрошувачка.
Скопје беше и пред камерите укочено. Сеа се доукочи. Плус се зголеми сурфањето во кола.

За краток период, ќе ги научиме камерите. и таму ќе лазиме. На делиницте каде нема камери, мнозинството пак ќе оди 42 кома 6, а другите ке најдат начин да цепаат. Не којзнае колку, до 70. Причина плус за проблем.

Јас изгасив помошни уреди за да се тестирам. Лазам кај камери, и возам нормално (не брзо - 60-70) каде нема. Досеа немам добиено ништо. А проверував дали податоците во МВР ми се точни. И точни се.  Дали сум побрз ? Не е битно, мада би требало. Дали ми треба ? Па да, се успивам на 42,6.

Вака се вози во Словенија. Нивното АМСМ (АМЗС) има апликација со сите (а не се премногу) камери низ Словенија. На пример, од Хрватска граница до Љубљана се 2. Таму се внимава, а на останатиот дел се вози 10-20 над дозволено. И нема проблем.  Пресретачи има ама не малтретираат. Возиш нормално не гледаш во брзиномер цело време. 

Проблемите настануваат со арпаџиците кои летаат, а тие предизвикуваат очајни сообраќајни несреќи. Не со тие што се движат во човечки нормални рамки.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15002
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #348 на: 10 Декември 2025, 09:02:45 am »
Кај нас е потребно максимално ригорозно регулирање на сообраќај. Дупло повеќе камери да се постават, да не може пиле да прелета.

Кога имаш стока народ, стоката се контролира, не се дава да прави што сака.

Апсолутно сум против секакво попуштање по било кој основ за систем на казнување.


Да бевме цивилизирана држава како Словенија, не треба камери да им поставуваш да ги учиш како да се однесуваат во сообраќај.

Оди во Скандинавија, сите возат 30 или 50 низ град. Ни КИЛОМЕТАР на час повеќе.

Ниту некој се буни, ниту некој пишува реферати на форум дека колку бил погоден оти не можелм да вози 60 или 70.

Променете ментален склоп. Време е за цивилизација.


Пред да ми кажете дека имале многу камери.

Еве колку камери има Малме



Еве ви рандом driving video од Малме.

Ја немам гледано снимката, ама ако најдете некој да се глупира слободно постирајте ми со timestamp.
« Последно менување: 10 Декември 2025, 09:09:58 am Carpathian Lord »

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
  • .
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #349 на: 10 Декември 2025, 10:21:51 am »
Ми додје опомена за прекршок (возам 45км на час, а според опомената сум возел 51км на час) кај Бул. Александар Македонски - СД Стив Наумов кон центар, каде е камерата тука милам таа од карши Ист гејт така е или грешам?!
« Последно менување: 10 Декември 2025, 10:27:14 am Leon-cist »
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 968
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #350 на: 10 Декември 2025, 10:29:44 am »
Дали некој има информација каде точно треба да се оди за ако треба да се смени кој управувал со возилото? И со оглед на тоа што пишува во рок од 8 дена дали е подобро да се плати одма казната па потоа да се носи кој возел итн? Ова ќе биде општи хаос по мене..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30246
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #351 на: 10 Декември 2025, 10:32:42 am »
Како што разбрав, во полициска станица.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20271
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #352 на: 10 Декември 2025, 10:39:05 am »
Како што разбрав, во полициска станица.

Со изјава на нотар.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6905
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #353 на: 10 Декември 2025, 10:56:19 am »
Со закаснување од 15 часа ми стаса порака дека синоќа во 19:11 на булевар 3 македонска бригада кај раде кончар сум возел 51 на 50 дозволено.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5688
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #354 на: 10 Декември 2025, 11:38:25 am »
Како што разбрав, во полициска станица.

Со изјава на нотар.
Kako im go nakrsija na notarite.....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30246
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #355 на: 10 Декември 2025, 11:47:06 am »
Како што разбрав, во полициска станица.

Со изјава на нотар.

Мислам дека нотарската изјава е потребна само ако тој што ја презема одговорноста (односно тој што возел, а не е негова колата) не е таму. Иначе ако се и сопственикот на возилото и возачот што го направил прекршокот таму, нема потреба.

А и во суштина, за ситните казни (до 10 над дозволено, рецимо), ако се плаќа онлајн, што е важно кој го направил прекршокот? Нека се раскусураат после.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2787
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #356 на: 10 Декември 2025, 11:48:55 am »
Se znae li dali bas so 51 ke sledi i kazna?
Nesto tolerancija poradi greska na meren ured ke ima?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6905
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #357 на: 10 Декември 2025, 11:56:16 am »
Со закаснување од 15 часа ми стаса порака дека синоќа во 19:11 на булевар 3 македонска бригада кај раде кончар сум возел 51 на 50 дозволено.

Уште три пати ми стаса истата порака за истиот прекршок.
Многу сум грешел.

Присутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1426
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #358 на: 10 Декември 2025, 12:00:23 pm »
Кај нас е потребно максимално ригорозно регулирање на сообраќај. Дупло повеќе камери да се постават, да не може пиле да прелета.

Кога имаш стока народ, стоката се контролира, не се дава да прави што сака.

Апсолутно сум против секакво попуштање по било кој основ за систем на казнување.


Да бевме цивилизирана држава како Словенија, не треба камери да им поставуваш да ги учиш како да се однесуваат во сообраќај.

Оди во Скандинавија, сите возат 30 или 50 низ град. Ни КИЛОМЕТАР на час повеќе.

Ниту некој се буни, ниту некој пишува реферати на форум дека колку бил погоден оти не можелм да вози 60 или 70.

Променете ментален склоп. Време е за цивилизација.


Пред да ми кажете дека имале многу камери.

Еве колку камери има Малме

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Еве ви рандом driving video од Малме.

Ја немам гледано снимката, ама ако најдете некој да се глупира слободно постирајте ми со timestamp.

Демотивацијата на возење кола е една од поуспешните агенди кои ги имаат на памет. Дури укинуваат и возила кои се поефтини и попрактични од електрични (CNG). И тоа е во ред до некаде. Но и покрај сите обиди агендата споро оди. Секоја држава тоа бо прави на различен начин. Некои со одлично организиран јавен превоз, други со паркиралишта на периферија (па точаци или бусеви од таму) . Во Холандија некои фирми им плаќаат плус на ваботените да одат со воз.
Словенија ја цепа истата агенда. Прави глупости за излез од Љубљана на крај на работно време, со непотребно ограничување (пик саати) не за да намали несреќи (и така споро се вози во тоа време), туку да те мотивира да се возиш со воз кој го има.

Одликите на возењето во Словенија не се поради цивилизациски норми. Напротив. Поради решенија кои го олеснуваат животот. Кои ние ете ги немаме, ама затоа ќе го убиеме оној укочен сообраќај со (финалното а не првично решение) - камери. Ние ништо од горекажаното немаме, ама затоа камери. За се сме биле обратни, па и за ова.

Нашите сообраќајни несреќи не се поради возење 60-70. Нашите се од препичлак, воглавном навечер. За тоа треба сообраќајни контроли, ама не само за возење 62 или пијан, туку и за останати прекршоци, како возење без каиш, титкање на телефон и обавезно казни за возење деца вон детско седиште. Да не збориме за социјалната категорија на регистрирање на ќумбиња по станициве за тех. преглед.

Менталниот склоп е една чудесна работа. Некој коментира нелогичности, некој едноставно ги прифаќа со наведната глава, убеден дека системот секогаш мисли добро. А толку многу примери за обратното.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20271
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #359 на: 10 Декември 2025, 12:49:34 pm »
Како што разбрав, во полициска станица.

Со изјава на нотар.

Мислам дека нотарската изјава е потребна само ако тој што ја презема одговорноста (односно тој што возел, а не е негова колата) не е таму. Иначе ако се и сопственикот на возилото и возачот што го направил прекршокот таму, нема потреба.

А и во суштина, за ситните казни (до 10 над дозволено, рецимо), ако се плаќа онлајн, што е важно кој го направил прекршокот? Нека се раскусураат после.

Ќе им се наполни системот со вакви работи и ќе мораат поефикасен начин да смислат.